Паметните часовници „Самсунг“ од сега компатибилни со уредите на „Епл“

Паметните часовници „Самсунг“ од сега компатибилни со уредите на „Епл“

Двата мега гиганти на технолошката индустрија „Самсунг“ и „Епл“, константо се цел на споредби, па многу често се среќаваат во судските ходници и судници, но на крај сепак излзе дека станува збор за конкуренти, а не на „заколнати непријатели” како што тоа многу често се прикажува.

Впрочем, на одреден начин тие си требаат меѓусебно, бидејќи од секогаш важи правилото дека ништо не може да ве натера да бидете подобар, поквалитетен и попродуктивен од вистинската конкуренција.

Дека тоа е така докажува и објавата од „Самсунг“ поврзана за нивните модели на паметни часовници „Геар С2“, „Геар С3“ и „Геар Фит2“.

Уредите темелени на оперативниот систем „Тизен“, наменет само за „Самсунг“ од сега се компатибилни и со уредите на „Епл“, т.е. конкретно со паметните телефони „Ајфон“.

Значи сите тие кои користат паметни часовници на „Самсунг“ и паметни телефони на „Епл“, сега без никакви проблеми можат да ги користат во пар.

Со наведените три последни модели од „Самсунг Геар“ предуслов е да имате „Ајфон 5“ или понов со верзија иОС мобилен оперативен систем 9.0 или понов.

Поврзани вести

Европската унија почнува да развива европски супер... Европската комисија веќе подолго време размислува за изградба на супер компјутер на подрајчето на ЕУ, кој би служел на земјите членки и би овозможил н...
Изум кој го унапредил возењето: 90 години на серво... Без никакви дилеми, системот за сопирање е прв и најважен дел од безбедносните компоненти на возилата, но пред еден век автомобилските сопирачки со ма...
Хај-тек славини за бањи Еден од најефективните начини да ја модернизирате својата бања е вградување на хај-тек елементи. Кога се во прашање хај-тек уредите за бањи, со де...
Контроверзна апликација од Саудиска Арабија го осв... Замислете дека можете да слушнете се што вашите колеги, пријатели и членови на семејството мислат за вас, а да не знаете кој ви ги праќа пораките. Ток...
Професор од Јејл тврди: Американците никогаш не ст... Секој нормален човек, кој ги следи настаните поврзани со истражувањето на вселената, разбира дека Американците не можеле да стигнат до Месечината во 6...
Уругвајски ученик заработил 10.000 долари откривај... Уругвајскиот ученик Езакиел Переира благодарение на Гугл за само некоку часа заработи 10.000 долари. Переира успеал да ги заработи парите откако от...