Колку мозоци ќе извезе БиХ во 2017 година?

Колку мозоци ќе извезе БиХ во 2017 година?

Податоците на Светска банка покажуваат дека стапката на емигрирање на високо образовани поединци од БиХ е 23,9 отсто, при што 11,1 се од медицинска струка, што е една од водечките стапки во светот

Ослобоѓење – Сараево

Босна и Херцеговина 2016-та ја испрати незнаејќи точно колку млади луѓе ја напуштија. Колку заминаа во странство барајќи работа или дополнително школување, а колку од нив купиле карта во еден правец?

Босна и Херцеговина не знае ни каков бил одливот на мозоци ни во 2015, 2014, 2013 и во претходните години, а не знае ни каков ќе биде во 2017 година. Претпоставки се дека тој и оваа година ќе биде висок, водени од проценките од изминатите години, водени од статистиките кои некако ги пресметуваат меѓународните организации, како и од освртот на зачестените случаи на емиграции на младите во нашите блиски средини – семејствата и кругот на пријателите.

Поразително е да не се знаат овие податоци, а уште по поразително е да се дозволува масовно и континуирано заминување на најскапоцениот потенцијал на земјата.

Зошто е поразително да не се знае? Па, една земја овој податок мора да го знае, да реагира соодветно, да донесува одлуки, програми и мерки за решавање на овој проблем. И уште поважно, ефектите од своите програми да може да ги измери – дали е спречен или барем успорен трендот на одлив на мозоци или не е. И затоа бидејќи не знае, земјата делува како маќеа кон своите млади. Како нејзините млади да се туѓа грижа.

А можеби и се, тоа ни го покажува грижата на Германија, Австрија, Швајцарија, далечната Америка… кои ја препознаваат способноста на нашите млади луѓе, им даваат шанса, ги наградуваат нивните резултати и конечно во таков амбиент им го враќаат достоинството, кое сурово им е одземено во матичната земја.

Всушност со непружање шанси на младиот човек да работи, да биде економски независен од родителите, да учи преку работата, да биде дел од деловната заедница и со тоа активен член на општеството – му се одзема достоинството.

До кога незнаењето ќе ни биде оправдување?! Или изговор?! Какви се всушност статистиките за одливот на мозоци со кои располагаме?!

Податоците на Светска банка покажуваат дека стапката на емигрирање на високо образовани поединци од БиХ е 23,9 отсто, при што 11,1 се од медицинска струка, што е една од водечките стапки во светот.

Светскиот економски форум, според капацитетот да ги задржи талентите, ја постави БиХ на 134 место, а според капацитетот да привлече таленти на 135 место од вкупно 138 мерени земји.

Извештајот на УНДП „National Human Development Report 2002” покажува дека од крајот на војната, до 2013 година, БиХ ја напуштиле околу 150.000 млади луѓе.

Во спроведеното истражување на Институтот за развој на младите КУЛТ во 2013 година, 60 отсто млади во Федерацијата БиХ се изјасниле дека сакаат да заминат од БиХ за да најдат работа во странство, во по перспективни и економски побогати земји, а како причина за заминување ја наведуваат корупцијата, невработеноста, лошиот животен стандарди и безперспективноста.

Овој податок не е новост, бидејќи токму првото истражување за емиграцијата на младите во повоениот период го спроведе УНДП и подготви извештај во 2000 година под името „National Human Development Report on Youth”. Во извештајот стои дека 62 отсто млади сакаат да ја напуштат Босна и Херцеговина ако за тоа им се укаже прилика.

Значи, веќе во 2000 година властите, општеството и јавноста добија јасен и алармантен сигнал за проблемот, на што младите сами им укажаа.

Гледаме дека аспирациите на младите луѓе во БиХ по десет години се речиси идентични, а во меѓувреме, многу од нив ги реализираа.

Иако ограничени, нерасположливи по сите години, темелени на проценки и анкетирање, овие статистики и тоа како се корисни и даваат одредена слика на состојбата. За жал, тажна состојба. Дали негативните трендови ќе продолжат и во 2017 година?! Колку мозоци ќе „извезе” БиХ во 2017 година?!

Поврзани вести

Издадени налози за 400 апсења во Турција... Турското обвинителство издаде налози за апсење на повеќе од 400 луѓе, меѓу кои се наоѓаат војници и припадници на обезбедување во 48 провинции ширум з...
Ердоган почна кампања за референдумот за неговите ... Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган започна кампања за поддршка на уставните реформи, кои значително ќе ги зголемат претседателските овластувања,...
Турскиот парламент одобри поголеми овластувања на ... Турскиот парламент одобри измени во Уставот, со кои е предвидено и зголемување на овластувањата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Со тоа е отво...
Скокна во замрзнатиот Дунав за да спаси куче... Жител на Белград влезе во Дунав по кој пловат огромни санти мраз за да спаси куче. Кучето одело по мразот и во еден момент пропаднало. Неколку мажи т...
Му нуделе пет милиони евра да открие каде е Радова... Американците ми нудеа пет милиони евра за информација каде се крие Радован Караџиќ, тврди Лука Караџиќ, брат на првиот претседател на Република Српска...
Шимшек: Решавањето на сириската криза без Асад во ... Турција оценува дека решавањето на сириската криза без претседателот на Сирија Башар ал Асад во моментов е нереално, изјави турскиот вицепремиер Мехме...