Смартфоните се поопасни отколку што мислиме

Смартфоните се поопасни отколку што мислиме

Повеќето луѓе знаат дека предолгото гледање во смарт уредот е штетно, но новите истражувања покажуваат дека ситуацијата е далеку позагрижувачка, пишува списанието „БМЦ Офтамолоџи“.

Испитувањето е извршено врз 916 деца во Јужна Кореја, на возраст меѓу седум и 12 години, од кои дури 97 отсто користеле смартфони повеќе од три часа дневно.

Во написот се наведува дека кај децата кои прекумерно го користат својот телефон, се појавува синдромот „суво око“. А пак, кај оние кои еден месец биле лишени од своето омилено хоби, симптомите се повлекле.

„Суво око“ или ксерофталмија е состојба во која очите не солзат доволно, што предизвикува црвенило и иритација.

Кога „се џариме“ во таа волшебна направа, просто се случува да трепкаме поретко, што е причина за помала влажност на самото око.

Поврзани вести

ВИДЕО: Стигнува новата игра Black Mirror... Компанијата THQ Nordic ја најави играта Black Mirror. Оригиналниот наслов излезе во далечната 2003 година, кој го донесе чешкото студио Future Gam...
Твитер на корисниците им нуди популарни теми врз о... Твитер се обидува на корисниците да им го олесни пребарувањето на содржините кои ги интересираат па почна да ги раздвојува твитовите на картичка за пр...
НАСА планира да произведува кислород на Марс до 20... Американската вселенска агенција НАСА работи на проект за вештачко производство на кислород во атмосферата на Марс, а за тоа ќе биде задолжен роботот ...
Хонда го претстави новиот дизелски мотор за Сивик... Хонда претстави и дизелска моторна опција за десетата генерација на Цивик, која на купувачите ќе биде понудена од март идната година. Новата Хонди...
Почнува производството на „Шелби ГТ350Р“ модел ста... Легендарниот тркачки модел, „Шелби ГТ350Р“ од 1965 година, наскоро повторно ќе почне да се изработува со помош на неколкумина ентузиасти кои се заслуж...
Порше не сака да оди на суд, на клиентите им купув... Во еден од најнеобичните вонсудски договори, Порше се обврза на сопствениците на одредени модели на оваа марка во САД да им исплати пари за купување н...