Кафемат во форма на авионски мотор

Кафемат во форма на авионски мотор

Тешко е да се замисли наутро да се појде на работа без да се испие кафе, напиток кој ги буди нашите сетила и не враќа во живот.

Токму затоа компанијата „Супервелоче“, која произведува ограничени серии на уметнички дела инсипирани од авионскиот и автомото дизајнот, изработи кафемат наречен „62лб Авијаторе Велоче Турбоџет“, кој наликува на авионски мотор.

Кафематот е со совршен дизајн, изработен од авионска некородирачка легура на алуминиум и челик, и е прелагодлив за работна соба, трпезарија или кујна, а може да се користи и надвор од домот.

Овој необичен апарат можеби делува како претерано голем за подготвување на еден обичен филџан кафе, но само малкумина можат да се пофалат со фактот дека својот омилен напиток го добиваат од млазен мотор.

Поврзани вести

ФОТО: „Коач 1941“ – нова колекција на чанти... „Коач“- американскиот бренд што е познат по луксузните предмети од кожа прикажа феноменална колекција од чанти „Коач 1941“. Сите чанти се дост...
Тапети што евоцираат спомени од училиштата во осум... Замижете на кратко и замислете како повторно седите во училишните клупи и гледате во празно парче графичка хартија на вашиот дел од работната маса. ...
ФОТО: Дом од вулкански камен во Австралија... Инспирирани од наслагите на вулкански камења, група австралиски архитекти ја проектираа куќата „Ќентербери Роад Резиденс“, која се состои од три целин...
ФОТО: Мал стан во Лондон Стан во Лондон, помал од 75 метри квадратни со реновирањето е претворен во удобен семеен дом. Со модернизацијата на стариот стан, објектот е пр...
Прекрасен под од цепеници Сани Петис Лук изработила прекрасен, несекојдневен под од цепеници. Подот што е патентиран од Лук изработен е без никаква помош на професионал...
ФОТО: Современа бетонска вила во Иран... Во иранскиот град Исфахан се наоѓа куќата „131“, која е целосно изградена од бетон. Исфахан е познат како „град на градините“, па архитектите н...