Уапсени двајца осомничени за поврзаност со нападите во Париз и Брисел

Уапсени двајца осомничени за поврзаност со нападите во Париз и Брисел

Белгиската полиција синоќа во бриселското предградие Лакен уапси две лица под сомнеж дека се поврзани со терориситчките напади во Париз во ноември 2015 година.

Според електронското издание на весникот „Дерниер Јор“, полицијата привела маж и жена, кои покрај за врски со нападите во Париз, се осомничени и дека им пружиле логистичка поддршка на браќата Бакрави, кои се разнесоа на аеродромот и на една метро станица во Брисел во март минатата година.

– Жената со иницијали М.Б. и нејзиниот пријател Фарад К. одржувале врски со некои терористи во времето кога по нив се трагаше од двете страни на (белгиско-француската) граница, во периодот меѓу нападите во Париз и Брисел, наведува весникот.

За време на акцијата за проведување на двајцата осомничени, белгиските полицајци биле придружувани од припадници на француската полиција и судијка од Париз.

При нападите во Париз на 13 ноември 2015 година беа убиени 130 лица, а во Брисел – 32.

Истрагата покажа дека двата напади биле извршени од членови на една иста исламистичка група, која десјствува на териториите на Франција и Белгија.

Поврзани вести

ЖИВО: Светот маршира против Трамп: Половина милион... Милиони луѓе излегоа на улиците ширум светот за да се приклучат на “сестринските маршови“ против новиот американски претседател Доналд Трамп. Гла...
САД нема да испрати делегација од Вашингтон на пре... - САД нема да испратат делегација од Вашингтон на преговорите за Сирија во Асатана на 23 и 24 јануари, туку земјата ќе ја претставува американскиот ам...
Тереза Меј: Трамп го препозна значењето на НАТО... Британската премиерка Тереза Меј изрази уверување дека новиот американски претседател Доналд Трамп ја разбирал стратешката вредност на НАТО. - Трам...
Кремљ: Се надеваме на дијалог со САД, но разликите... Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изрази надеж за конструктивен дијалог со администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп,...
Уапсени седум крадци на дијаманти во Холандија... Холандската воена полиција уапси во Амстердам и Валенсија седум лица поради учество во кражба на дијаманти во вредност од десетици милиони долари пред...
Трамп ги отповика сите амбасадори... Веднаш штом стана претседател, Доналд Трамп ги отповика сите амбасадори именувани од администрацијата на Барак Обама. Трамп побарал амбасадорите ве...