Ниски утрински температури, граѓаните да внимаваат на лизгавите површини

Ниски утрински температури, граѓаните да внимаваат на лизгавите површини

Во Македонија и утрово температурите се многу ниски, а дневните ќе бидат од минус четири до пет степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), пораст на температурата ќе има од петок.

Времето во Македонија ќе биде многу студено, а преку денот претежно сончево со пораст на дневните температури. Утринската температура ќе се движи од минус 20 до минус девет, а дневната од минус четири до пет степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 18, а дневната ќе се искачи до минус два степена.

Се препорачува без неопходна потреба да не се излегува од дома, да се носи топла облека, да се консумираат топли напивки и да се избегнува консумација на алкохол. Воедно се препорачува внимателност при движење на лизгави површини.

УХМР информира дека пораст на температурата ќе има од петок кога ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималните температури насекаде ќе бидат позитивни. Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот и во сабота кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските врнежи од дожд и снег.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка. Долж Повардарието, во јужните делови и на пониските места ќе има намалување на снежната покривка.

Во недела се очекува преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневната температура ќе биде околу нулата.

Поврзани вести

Источен Плански регион: Расправа за еколошки теми... Градоначалниците на Општините од Источниот плански регион во Берово ја одржаа триесетата редовна седница, на која на дневен ред беа повеќе значајни т...
Намалена видливост поради магла на превојот Стража... Намалена видливост поради појава на магла од 80 – 100 метри има на планинскиот превој Стража. На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива...
Украдени пари и накит од 20 илјади евра од стан во... Од стан на булеварот „Гоце Делчев“ во Гостивар украдени се пари, накит и два пиштола во вредност од околу 20 илјади евра. Според портпаролот на СВР...
Состојба на патиштата Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: ...
Дел од општина Центар утре без вода... Клиниката за хематологија, Институтот за трансфузиона медицина и повеќе улици во општина Центар утре ќе останат без вода од 8.30 часот. Без водосн...
Кривопаланчани со мал број претставки до омбудсман... Целосно отсуствува поднесувањето претставки од граѓаните на Крива Паланка до подрачната канцеларија на народниот правобранител кои се однесуваат на н...