Франција убедлива против Бразил на отворањето на ракометниот Мундијал

Франција убедлива против Бразил на отворањето на ракометниот Мундијал

Убедлива победа изразена со 15 голови разлика (31:16) забележа домаќинот Франција против Бразил синоќа во Нант на отворањето на 25.Светско ракометно првенство.

Во првото полувреме одличен на голот на француската репрезентација беше Тиери Омејер со 14 одбрани. Во ист стил во вторите 30 минути голот го чуваше Винсент Жерар.

Победникот се наѕираше уште по десетина минути игра кога Французите направи пет гола позитива, а на полувреме предноста беше двоцифрена (17:7). Во вториот дел домаќинот поведе и со 15 голови разлика и натпреварот рутинирано го приведе кон крајот.

Валентин Порте со шест гола беше најефикасен во победничкиот состав, Толедо со пет погодоци се истакна во бразилскиот национален тим.

На другите натпревари од групата А во првото коло денеска играат:

Русија – Јапонија (17:45 часот) и
Полска – Норвешка (20:45).

Поврзани вести

Четири „вардарки“ со покана да играат за селекција... Четири ракометарки на ЖРК Вардар добија покана да играат за селекцијата на светот, што ќе биде водена од Мартин Амбруш. Натпреварот е планиран за 2...
Кил и Рајн-Некар во дуел за место во четвртфиналет... Со германската пресметка меѓу Рајн-Некар и Кил, вечерва од 19 часот во Манхајм, ќе започнат возвратните натпревари од осминафиналната рунда во машката...
Женската ракометна репрезентација во 3. „шешир“ во... Женската ракометна репрезентација на Македонија е рангирана во третиот „шешир“ за извлекувањето на групите за квалификациите за Европското првенство ш...
Охрид домаќин на „Фајнл Фор“ турнирот за ракометар... Завршниот турнир во ракомет - кадетска женска конкуренција ќе се одржи во салата „Билјанини Извори“ во Охрид в недела (2 април), информира Ракометната...
Металург – Вардар во првото коло од ракометн... Дербито меѓу големите ривали Металург и Вардар ќе го одбележи стартот на ракометниот плеј-оф во македонското ракометно првенство. Претстојниот вике...
Гонзалез ја предводи најдобрата седморка на СЕХА з... Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез од своите колеги во СЕХА Газпром лигата е избран за најдобар стратег сезонава, а тројца играчи се најдоа и во еден о...