Чичко Благоја згрижен во прифатниот центар на ЈП ПОЦ и општина Центар

Чичко Благоја згрижен во прифатниот центар на ЈП ПОЦ и општина Центар

Денес во пунктовите што ги отворија ЈП ПОЦ и Општина Центар згрижeн е чичко Благоја.

Чичко Благоја студените денови ги поминувал во некоја гаража која нема никакви елементарни услови за живот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар имаат адаптирано простории за прифаќање на сите лица кои немаат кров и нормални услови за да ги поминат студените денови.

За бездомниците освен сместување во топли простории обезбедени се и топли оброци и појадок, медицинска грижа и тоалети.

Просториите кои се во катната гаража кај Судска палата, може да се користат од 16 часот до 10 часот наутро, но, гаражата се затвора во 20 часот поради безбедносни причини.

Доколку има потреба некому да се укаже помош, може да се пријави на 070 227 901 и 078 448 051.

Поврзани вести

Бејта: Груевски прв предложи двојазични полициски ... Во емисијата „Патот кон“ на Алсат М, потпретседателот на ДУИ Невзат Бејта го демантираше Илија Димовски, кој што кажа дека ВМРО-ДПМНЕ не преговарала с...
Утре ќе биде сончево со температури до 27 степени,... Времето утре претпладне во Македонија ќе биде претежно сончево, попладне во планинските подрачја со појава на мала до умерена локална облачност. Преку...
ЛДП Битола: Ги повекуваме советниците на ВМРО-ДПМН... „Денес, СЈО најави дека следните денови за случајот Транспортер ќе биде поднесено обвинение. Тоа значи дека Талески ќе добие повисок чин и од осомниче...
Струмица ја спроведува акцијата „За чиста струмичк... Од 21 март до 23 април јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и општина Струмица ја спроведуваат традиционалната акција за генерално ч...
ВМРО-ДПМНЕ: СЈО ги бие битките на Заев... ВМРО-ДПМНЕ смета дека „СЈО функционира како општинска организација на СДСМ која ги бие политичките битки на Зоран Заев против неговите неистомисленици...
Министерот Лутфиу на конференција за образование в... Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу присуствуваше на министерска конференција - „Обезбедување демократија преку образованието" во Никозија...