Времето утре – наутро многу студено, пораст на дневните температури

Времето утре – наутро многу студено, пораст на дневните температури

Времето утре изутрина во Македонија ќе биде многу студено, а преку денот претежно сончево со пораст на дневните температури.

Утринската температура ќе се движи од минус 20 до минус девет, а дневната од минус четири до пет степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 18, а дневната ќе се искачи до минус два степена.

Позначителен пораст на температурата ќе има од петок кога ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималните температури насекаде ќе бидат позитивни. Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот и во сабота кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка. Долж Повардарието, во јужните делови и на пониските места ќе има намалување на снежната покривка.

Во недела се очекува преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневната температура ќе биде околу нулата.

Поврзани вести

Потребно е донесување соодветна регулатива за начи... Отсуството на единствена законска регулатива што би ја уредувала проблематиката на употребата на Интернетот на меѓународно ниво и огромното влијание н...
Иванов на манифестацијата „Македонија во чест на С... Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во посета на Италијанската Република и Светиот Престол, по повод маниф...
Најстудено во Лазарополе, најмногу дожд во Ѓуриште... Во Лазарополе утрово беше најстудено, шест степени, а најмногу дожд изминатите 24 часа наврнале во Ѓуриште и Прилеп, 16 литри на метар квадратен. К...
Осумнаесет сообраќајки за два дена во Скопје... Сообраќајната полиција изминатите два дена на подрачјето на СВР Скопје изврши увид на 18 сообраќајни незгоди. Вчера се случиле седум сообраќајни незго...
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните оправдано се плашат за реали... ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение наведува дека граѓаните оправдано се плашат дека претседателот на СДСМ Зоран Заев „е подготвен да ја реализира тиран...
Балканските лидери кај Могерини ветиле соработка и... Мандатарот за составување на нова Влада на Република Македонија, Зоран Заев, синоќа во Брисел учествуваше на состанок со премиерите на Србија, Албаниј...