Парталов: Општина Струмица навремено и континуирано се справува со снегот и поларните температури

Парталов: Општина Струмица навремено и континуирано се справува со снегот и поларните температури

„Со првите снежни врнежи, општина Струмица, започна со активностите кои во континуитет се реализираат до денеска, а согласно Програмата за одржување на улиците и локалните патишта“ потенцираше на денешната прес конференција, секретарот на општина Струмица, Кирил Парталов.

Тој преку медиумите, ја информираше јавноста за сите активности и преземени мерки за справување со последиците од снежните врнежи и ниските температури во изминатите денови.

– Слободно можам да кажам дека општина Струмица навремено реагира на овогодинешниот снег и поларните температури. Во овој период се чистат сите главни, фреквентни улици во градот, пешачките патеки, како и локалните патишта према сите населени места со цел истите да бидат достапни и проодни, а согласно Програмата за одржување на улиците и локалните патишта во општина Струмица. За таа цел веќе седми ден освен ЈКПД „Комуналец“ Струмица и Територијалната професионална противпожарна единица –Струмица, а од кои се ангажирани 8 возила, ангажирана е и дополнителна механизација на скоро сите градежни оперативи во Струмица со 10 возила. Значи сите улици во градот како и локалните патишта се чистат секојдневно и во континуитет. Освен тоа, екипите на „Комуналец“ дополнително вршат чистење на тротоарите и другите јавни површини во градот.

– Морам да спомнам и за одредени потешкотии со кои се соочува механизацијата при чистењето на улиците, а тоа е дека одредени улици не можеа да бидат соодветно или целосно третирани, односно, исчистени поради паркираните возила на истите. Досега на улиците екипите на ЈПКД „Комуналец“ потрошија околу 20 м2 ризла и 25 тони сол. Локалните патишта до сите населените места се проодни и сообраќајот по истите се одвива непречено. Посебно би го нагласил патниот правец кој од регионалниот пат води према Попчево и Рич, кој патен правец е од регионален карактер и чистењето треба да биде грижа на државните институции, меѓутоа, ние водејќи грижа за сите населени места во општина Струмица, и овој патен правец редовно го одржуваме. На крај би ги повикал и апелирал, сите граѓани, односно, сопствениците или корисниците на објекти, да ја исчистат снежната маса пред овие објекти како и пред своите домови, рече Парталов.

Поврзани вести

Груевски на средба со амбасадорите: Со ДУИ прегова... Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата, Никола Попоски, Никола Тодоров и Владимир Ѓорчев ос...
СДСМ: Ѓорче Петров ќе добие канализација од новите... „Никола Груевски и Сокол Митровски продолжуваат да ги лажат граѓаните на општина Ѓорче Петров. ВМРО-ДПМНЕ ветува канализациона мрежа во населбите В...
(ВИДЕО) Димитриевски: Време е народот да си ја зем... Пратеникот од СДСМ, Максим Димитиревски обраќајќи се до Трајко Вељаноски рече дека е срамно тоа што се случува и дека е време народот да ја земе држав...
(ВИДЕО) Алими: Како што тргнало ќе имаме и техничк... Пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими истакна дека тие биле и повторно ќе одат во Тирана. Тој побара да се почитува Албанија како соседна земја, која има прид...
Утре не очекува сончево и топло време... Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието...
Алтернативни предавања за студенти ја исполнија пр... Студентите петта година по ред „застанаа“ на Станица:Студентска 5.0 да го посетат саемот на организации, предавањата и работилниците. Настанот одржан...