Блажески до ВМРО-ДПМНЕ: „Ново-старо“ раководство и невиден политички аматеризам

Блажески до ВМРО-ДПМНЕ: „Ново-старо“ раководство и невиден политички аматеризам

Советникот од Охрид, Дејан Блажески реагира на денешната прес конференција на претседателот на општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Љубен Арнаудов и на изјавата дека Охрид ќе добие марина, а проектот кој ќе се реализира од 2018-2020 година, ќе чини 2 милиони евра.

Еве што напиша Блажески:

Рано е господа за локални, рано….Сепак, споделени на мојот профил повеќе ќе Ве прочитаат.

Повеќе од десет години зборуваат за во следните четири. Денешнава прес-конференцја на ДПМНЕ е со ветување за во 2018-2020 година. А, до тогаш ниту ќе сте пратеници, ниту власт.

И, замислете да го знаеш ова и понатаму дрско да лажеш. Во меѓувреме, веројатно голем дел од лицата на оваа слика треба да се на своите работни места.

Елем, за Вас не важат закони, но затоа оние кои ја носат опозициската стигма се на седумдесет проценти дома. “Ново-старо” раководство и невиден политички аматеризам.

Неколку прашања само: Што мислите за Македонија Пат, што мислите за загаденоста на каналот, што мислите за опожарениот дом, што мислите за сиромашните граѓани кои немаат пари за греење, што мислите за незагреаната болница,што мислите кога ги правите прес-конференците?

И да, не знам зошто за овие работи не ве прашаат?! Важно е дека локалниот Амди Бајрам е со Вас (не е на фотографијата).

Туку и еколошки сум мирен, Вие ништо не градите.

Поврзани вести

Министерство за култура: Алаѓозовски ако има замер... Министерството за култура реагира на пресот на Роберт Алаѓозовски за националната програма. “Министерството за култура го изразува своето длабоко ...
Магла со видливост до 100 метри на Плетвар... Магла со видливост до 100 метри има на планински превој Плетвар, соопшти ЈП Македонија пат. Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во з...
Планот за крводарување во Велешко лани натфрлен со... Според информацијата од Општинската организација на Црвен крст во Велес, во изминатата 2016 година во Општина Велес заедно со општините Градско и Чашк...
СДСМ: Груевски мора да прифати дека е соочен со пр... Правдата е дел од започнатите демократски процеси во Македонија. Никола Груевски ќе мора да се помири дека е соочен со правдата. Фатен е во монтир...
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ-Дебарца... Реакција на ВМРО-ДПМНЕ од Дебарца за соопштението на СДСМ. Следува целосната реакција: Очигледно е оправдувањето на ОО СДСМ Дебрца кон нивните член...
СДСМ: По промените ќе има реални работни места, по... Граѓаните избраа промени затоа што сакаат реални вработувања и повисоки плати и тоа може да им го овозможи и ќе им го овозможи само нова одговорна Вла...