Бараат правда на секој начин: Има и млади со тешки хронични болести, никој не се грижи

Бараат правда на секој начин: Има и млади со тешки хронични болести, никој не се грижи

Граѓани реагирале на препораките од Министерството за здравство само хронично болните над 60 години да не одат на работа во Хелсиншкиот комитет за човекови права, каде веќе е отворен случај за истото, потврдуваат од таму за А1он.

– Ни се имаат пожалено неколку лица кои се дискриминирани врз основа на возраст. Нашиот став е дека постои таква дискриминација, овие мерки треба да бидат основани на здрвствената состојба, а не на возраста. Ставот на министерството е дека младите можеле да издржат, но тоа не е одговор на место. Ние утре ќе го исконтактираме Министерството за здравство и здравствениот инспекторат и ќе побараме препораките да бидат врз основа на здравствената состојба. Ќе поведеме постапки за возрасна нееднаквост, ако треба, тоа ќе заврши и на суд, велат за А1он од Хелсиншкиот комитет.

Тие сметаат дека е во ред одлуката луѓе со хронични болести да се ослободат од работа на минусните температури и во летните периоди, кога температурите достигнуваат и над 40 степени, но велат, треба да се води сметка и за младите со тешки хронични болести.

Одговори за тоа дали ќе преземат нешто за овие барања на граѓаните А1он се обиде да добие од Министерството за здравство, но од таму не одговорија на нашите повици.

Младите со тешки хронични болести бараат препораките да важат и за младите секоја година кога Министерството за здравство ги пласира. Тие нагласуваат дека иритира игнорантскиот однос на Министерството за здравство кој го добиваат низ годините. Сепак, велат, правдата ќе се обидат да ја истераат до крај, онака како што почнале.

Од канцеларијата на Народниот правобранител посочуваат дека младите со тешки хронични болести со целосната документација треба да поднесат претставка за дискриминација врз основа на возраст.

Поврзани вести

Груевски во Малта имал средба со Тобијас Зек... Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска имаше разговор со Тобијас Зек член на германскиот Парламент, член на Советот на Европа, потпретсе...
Конститутивната седница ќе продолжи утре во 11 час... Конститутивната седница која вчера после три месеци продолжи, се одложува за утре во 11 часот. На седницата повторно меѓусебно си дебатираат единствен...
Утре не очекува сончево време со слаб до умерен ве... Времето утре во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степе...
Отворени писма од Трифун Костовски до Илија Димовс... Трифун Костовски, претседател на Здружението за општествено економски просперитет ЧОВЕКОТ ПРЕД СЕ испрати отворени писма до пратениците Илија Димовски...
ВМРО-ДПМНЕ: Тео Зомер е лошо информиран за ситуаци... ВМРО-ДПМНЕ писмено реагира на објавата на Ди Цајт. „Поранешниот уредник во весникот „Ди Цајт“ Тео Зомер, очигледно е лошо информиран за ситуацијата...
Ди Цајт: Груевски нема намера да се откаже од ганг... Тензиите во Македонија можат да ескалираат, предупредува весникот Ди Цајт, обвинувајќи го за тоа експремиерот Груевски и неговото одбивање да се откаж...