Снегот го одложи откупот на тутунот во Струмичко

Снегот го одложи откупот на тутунот во Струмичко

Поради снегот, производителите од Струмичко не го носат тутунот на продажба иако вратите на откупните центри се отворени.

Како што велат од здруженијата на тутунопроизводители, предавањето на родот ќе продолжи веднаш штом се подобрат временските услови.

– Пунктовите се отворени и работат со регуларно работно време. Така ќе биде до 15 март, иако се очекува годинава откупот да заврши порано. Досега во Струмичко се откупени околу 85 отсто од произведениот тутун, а преостанатите 15 проценти поради отежнатите временски услови производителите не ги носат на откуп, изјави претседателот на здружението „Басмак“ Марјан Трајков.

Досега на ниво на Македонија се откупени околу 15 милиони килограми тутун, а во Струмичко 1.000.000 килограми. Просечната цена е 192 денара за килограм.

Според Инспекторатот за земјоделство, тутунарите кои имаа договори со „Струмица табак“, компанија која годинава не почна откуп, веќе ги предаваат количините на други откупни пунтови.

Поврзани вести

Британија и Катар формираат заеднички економски ко... Велика Британија формира заеднички економски и трговски комитет што треба да отвори пат за склучување трговски договор меѓу Британија и Катар и остана...
МФ: СДСМ своевремено ненаменски издаваше пет пати ... Министерството за финансии со писмено соопштение реагираше на соопштението на СДСМ. „Издавањето на државни хартии од вредност е редовна активност н...
СДСМ: Миноски ќе одговори за сите задолжувања, и з... „Недозволиво е Министерството за финансии во период на формирање на новата реформска Влада да продолжува со неконтролираното и нетранспаретно задолжув...
Педесетина компании од Македонија и Косово ги разг... Педесетина микро и мали претпријатија од Македонија и Косово денеска во Скопје ги разгледуваат можностите за меѓусебна соработка. На тет-а-тет сре...
Зголемено производството на тутун, компир и крмна ... За пет проценти е зголемено производството на тутун, за 4,3 проценти на компир, а на крмната пченка за 61,4 проценти во минатата година споредено со ...
Повисоки продажните цени на индустриските производ... Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари годинава се повисоки за 1,4 проценти на месечно ниво, а за ...