Франција се соочува со поголема епидемијата од грип од очекуваната

Франција се соочува со поголема епидемијата од грип од очекуваната

Француската министерка за здравство Мари-Сол Турен денеска на прес-конференција изјави дека состојбата со епидемијата на грип во Франција ќе биде „најверојатно потешка“ од оечкувањата, нагалaсувајќи дека 142 од вкупно 850 француски болници се соочуваат со преоптовареност поради епидемија.

Соочувајќи се со феноменот на „рана” и „интензивна” епидемија, министерката за здравство ги повика сите јавни и приватни болници да ги преразгледаат операциите и пружањето болничка медицинска нега за да се ослободат кревети за заболените од грип, од кој годинава најпогодени се лицата на возраст од над 65 години, јави дописникот на МИА од Париз.

Загриженоста на француските здравствени власти е фактот што епидемијата оди по нагорна линија и се уште не е забележан нејзиниот врв.

До денеска се забележани 398 консултации на 100.000 граѓани поради синдром на грип. Тоа претставува 13 отсто од консултациите на СОС Доктори и збирно, нешто помалку од 6.000 поминување преку ургентните служби на болниците, од кои во 1.035 случаи имало хоспитализација. До денеска беа пријавени 381 сериозни случаи за кои е потребна интензивна нега во болница.

Сепак, врз основа на владините агенции, сезона на грипот 2016-2017 изгледа деликатна со враќањето на вирусот од тип А (Х3Н2), близок до вирусот кој пред две години предизвика зголемена смртност со околу 18.000 луѓе. Но за разлика од зимата 2014/2015, вакцината оваа година е многу подобро прилагодена на вирусот.

Почетокот на епидемијата беше одбележан со смртта на 13 лица, сите во ист пензионерски дом во Лион. Бројот на пријавените жаришта на грип на постари лица во домови е зголемен во последните две недели, во споредба со претходните недели, информира надзорниот орган, со што се потврдува потребата од особено внимание во овие пензионерски домови.

Региони Оверњ-Рона-Алпи и Ил де Франс (парискиот регион) во моментов се најмногу погодени.

Поврзани вести

Почина генерал Мануел Антонио Нориега... Генерал Мануел Антонио Нориега, поранешен воен лидер на Панама, почина на 83-годишна возраст. Нориега неодамна беше подложен на операција поради зд...
Русија силно ќе одговори на одлуката за протерувањ... Одлуката на молдависката Влада да протера петмина руски дипломати од земјата е насочена против политиката на претседателот Игор Додон, изјави заменик-...
Десет загинати во напад со автомобил-бомба во Багд... Десет лица загинаа, а 22 други се повредени доцна синоќа при експлозија на автомобил-бомба во близина на позната слаткарница во централниот дел на Баг...
Бритиш ервејз очекува реализација на сите летови о... Британската авиокомпанија Бритиш ервејз соопшти дека очекува денеска да бидат реализирани сите летови од аеродромот Хитроу по проблемите во компјутерс...
Меј подготвена за напуштање на ЕУ без договор за Б... Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е подготвена да се откаже од преговорите со Европската унија за Брегзит доколку договорот не биде доволно...
Никола Страџен повеќе сака победа на лабуристите о... Шкотскиот прв министер и лидер на Шкотската национална партија (СНП), Никола Старџен, изјави во Единбург дека на претстојните предвремени парламентарн...