Снегот се уште предизвикува проблеми во Грција

Снегот се уште предизвикува проблеми во Грција

Ниските температури и обилните врнежи од снег, кои се невообичаени за Грција, се уште создаваат огромни проблеми во транспортот и во секојдевниот живот на луѓето во северниот дел од земјата.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, и денеска во Солун паѓа снег, а температурата е четири степени под нулата. Летовите до и од аеродромот „Македонија“ во моментов се одвиваат нормално, но многу летови вчера беа откажани поради обилните снежни врнежи.

За возилата кои се движат на регионалните патишта во северниот и северозападнит дел на Грција е задолжителна зимска опрема и синџири. Во северозападна Грција утрово се измерени и до минус 18 степени Целзиусови

Обилни снежни врнежи во моментов има и во централниот грчки град Лариса, каде температурата изнесува минус седум степени. Во Ламија снегот предизвика големи проблеми во сообаќајот, дури и на централните градски улици. Автобусите не возат, додека амбулантните и полициските возила мора да имаат синџири за снег за да се движат по градските улици.

Сообраќајот е забранет за камиони на автопатот Атина-Солун.

Во меѓувреме, островите Алонисос и Скопелос се уште се без електрична енергија и вода. Во некои делови на Алонисос паднале 2,5 метри снег, додека во Скопелос, по вчерашното невреме, паднал еден метар снег.

Поврзани вести

БИРН: Хрватска заработила милиони евра од продажба... Хрватска, во однос на времето на поранешна Југославија, во 2016 година драстично ја зголемила продажбата на муниција на Саудиска Арабија, тврди Балк...
Коцијанчиќ: Турција треба да ги почитува демократс... Турција како земја кандидат за членство во ЕУ треба да ги почитува демократските стандарди на заедницата, вклучувајќи ја и слободата на медиумите, изј...
„Визија за Словенија 2050” – Словенците ќе бидат с... Фена - Сараево Словенците ќе бидат среќни, креативни, нема да се расправаат за партизаните и домобраните и ќе возат електрични автомобили до 2050 г...
Албанската опозиција го замрзна учеството во Парле... Стотици албански граѓани поддржувачи на опозиција предводени од лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша веќе четврти ден протестираат во поставе...
Ѓукановиќ: Русија одговорна за деструктивна полити... Поранешниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ ја обвини Русија за деструктивна политика на Балканот по „спречениот обид за соборување на неговата проз...
УНИЦЕФ: Секое петто дете во Хрватска гладува... Повеќе од 20.000 деца во Хрватска буквално гладуваат, а единствен топол оброк им е оној што родителите им го носат од народна кујна. Повеќе од 20.000 ...