Гинтер Отингер сепак ќе биде нов еврокомесар за буџет

Гинтер Отингер сепак ќе биде нов еврокомесар за буџет

Незадоволството искажано од невладините организации, европратениците и групата Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, нема да го спречат формалнното именување на Германецот Гинтер Отингер, кој од 1 јануари ја врши функцијата еврокомесар за буџет и кадровски прашања.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, извесно е дека во текот на утрешниот ден Отингер ќе биде именуван за потпредседател на Европската Комисија и за шеф на телото кое има 161 милијарда годишен биџет и менаџира 30 илјади вработени во европските институции.

Отингер, кој на пошироката европска јавност и стана познат поради неговите навредливи забелешки и врски со контроверзни лобисти, ја има поддршката од Германија, поточно од владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел и од претседателот на Европската Коммисија, Жан Клод Јункер.

Отингер предходно беше премиер на германската покраина Баден-Виртенберг, а потоа и еврокомесар за дигитална економија и општество и за енергија.

Неговите навредливи коментари за жените и хомосексуалците, опишувањето на Азијците како луѓе со коси очи и контактите со лобисти блиски до Москва, беа причини за противење на европскиот невладини сектор на неговото именување за шеф на европските финансии.

Според Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите, која е втора по голема пратеничка група во Европарламентот, именувањето на Отингер ќе испрати целосно погрешна порака до европската јавност.

Во писмо потпишано од голем број невладини организации, меѓу кои и „Амнести Интернешанл“, завчера од ЕУ беше побарано да го спречи именувањето на Отингер, поради неговите дискриминирачки пораки и изјави против еднаквоста на сите луѓе.

Според невладиниот сектор, Отингер нема капацитет да инспирира почитување на етичките и правилата за транспарентност меѓу вработените во Европската комисија.

Поврзани вести

Сообраќајна несреќа во Германија, повредени 44 лиц... Четириесет и четири лица се повредени во автобуска несреќа во Германија денеска, а најголем дел од повредените се романски државјани, јави новинската ...
Најмалку 60 лица загинаа во воздушните напади на а... Најмалку 60 лица загинаа во воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, насочени против хотел во јеменскиот град Архаб, на околу ...
Шефот на египетската дипломатија ја откажа средбат... Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја откажало денешната средба на министерот Самех Шукри со Џаред Кушнер, советник на америка...
Шулц вети дека ќе го отстрани американското нуклеа... Лидерот на германските социјалдемократи, Мартин Шулц најави отстранување на американското нуклеарно оружје од Германија, доколку ги добие претстојните...
Нетанјаху: Засилувањето на Иран во Сирија претстав... Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека засилувањето на иранските сили во Сир...
Сијарто: Европската безбедност никогаш не била пол... Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска изјави дека ситуацијата со илегалната миграција во последно време направи безбедност...