Зимски кошаркарски камп во Струга

Зимски кошаркарски камп во Струга

Околу 50 деца од Кавадарци, Македонска Каменица, Кочани и Виница учествуваат на зимскиот кошаркарски камп „Солферино 2017“ што се одржува во Струга во организација на Кошаркарскиот клуб „Фени индустри“ од Кавадарци и Академијата „Баскет камп“ од Македонска Каменица.

Младите кошаркари, според тренерот Атанас Димов, ќе имаат можност да ја одржат кондицијата и да ги усовршат техниките на овој спорт.

– Кампот е за меѓусезонски период кога децата се на распуст, се одмараат, без училишни обврски и после празниците малку да ги раздвижиме, а и да се подготват за вториот дел од сезоната, вели Димов.

Според него, децата се повеќе се заинтересирани да тренираат кошарка бидејќи овој вид спорт оди во нагорна линија.

– Има се поголем број деца, особено во академиите во Македонска Каменица, кои добро котираат во лигите на Кошаркарската федерација и секоја година завршуваат на врвот во првите четири. Интересот кај децата е многу голем и секој капм се се побројни, добро работат и се на добар пат, заклучи Димов.

Учесниците на кампот се задоволни од тренинзите што ги одржуваат во Струга. Освен за напорните тренинзи велат дека им останува слободно време и за други активности.

– Овде е одлично, тренираме, учиме нови кошаркарски техники, се забавуваме, но и работиме на физички подготовки кои ќе ни користат во натамошните утакмици, изјави Кире Блажески, учесник на кампот.

Тренинзите на младите талентирани кошаркари во рамки на кампот што се одржува од 8 до 12 јануари, се одржуваат во опремена спортска сала со современа опрема прилагодена за деца на возраст од шест до 16 години.

Поврзани вести

Скопје домаќин на ЕП Дивизија Б за кошаркарки до 1... Македонската кошаркарска федерација од утре (17 август) па во наредните десет дена ќе биде домаќин на Европското првенство - Дивизија Б за кошаркарки ...
Наваро го сруши рекордот на Епифанијо... Хуан Карлос Наваро се запиша во историјата на шпанската кошарка како играч со најголем број настапи во репрезентативниот дрес. Наваро синоќа по 240. п...
Македонските кошаркари гостуваат кај Естонија во м... Во претквалификациите за Светското кошаркарско првенство кое ќе се одржи во Кина во 2019 година, денеска ќе се играат средбите од претпоследното 6.кол...
Макаби се засили со НБА играч... Американецот Норис Кол потпиша едногодишен договор со Макаби Тел Авив. Ангажманот на двократниот НБА шампион за најуспешниот израелски кошаркарски клу...
Бугарскиот кошаркар Костов нов играч на Работнички... Бугарскиот кошаркарски интернационалец Чавдар Костов е нов играч на Работнички. Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб ја доби трката со Лукоил кој...
Новата сезона во НБА почнува на 17 октомври... Комесарот на најсилната светска кошаркарска лига – НБА, Адам Силвер соопшти дека сезоната 2017/18 ќе стартува на 17 октомври, осум дена порано во одно...