УНИЦЕФ: Во нападите врз цивилни области во Јемен загинале 1.400 деца

УНИЦЕФ: Во нападите врз цивилни области во Јемен загинале 1.400 деца

Речиси 1.400 деца се убиени, стотици се повредени, а голем број училишта се затворени поради војната во Јемен, соопшти денеска УНИЦЕФ.

– И понатаму десетици деца во Јемен гинат или се повредени при напади врз цивилни области. Намсето да учат, децата се сведоци на смрт, војна и уништување, изјави претставничката на УНИЦЕФ во Јемен, Меритсле Релано.

Таа ги повика сите инволвирани страни во конфликтот да ги заштитат децата и да ги прекинат нападите врз училиштата.

– Училиштата треба да бидат зона на мирот во сите времиња, светилиште каде децата треба да учат, растат, играат и да бидат безбедни, истакна Релано.

Таа нагласи дека во Јемен веќе не се употребливи речиси 2.000 училишта, бидејќи се уништени, оштетени или се користат за воени цели.

Поврзани вести

Габриел: Кина има голема одговорност во однос на С... Кина носи голема одговорност во однос на Северна Кореја, изјави германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел, по слетувањето во Пекинг, пр...
Нивото на тревога во Велика Британија на највисоко... Нивото на тревога во Велика Британија е подигнато на највисоко ниво наречено „критично“. Ова ниво означува дека идни напади се неминовни, изјави преми...
Тедрос Аданом Гебрејесус е нов директор на СЗО... Поранешниот министер за здравство на Етиопија, 52-годишниот Тедрос Аданом Гебрејесус е избран денеска за нов генерален директор на Светската здравстве...
Родриго Дутерте воведе воена состојба на островот ... Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска воведе воена состојба на островот Минданао, каде безбедносните сили се борат против екстремистите пов...
Џихадист од Косово убиен во Ирак... Жител на Косовска Митровица деновиве го загубил животот во судирите во ирачкиот грд Мосул, борејќи се како прпадник на џихадистичката група Исламска д...
Германија се уште не одлучила за напуштање на база... Германија се уште не одлучила дали ќе ги повлече своите војници од воздухопловната база Инџирлик во Турција, изјави денеска германската министерка за ...