Српското обвинителство нареди проширување на истрагата против Рамуш Харадинај

Српското обвинителство нареди проширување на истрагата против Рамуш Харадинај

Обвинителството за воени злосторства достави денеска до Министерството за правда на Србија наредба за проширување на истрагата против Рамуш Харадинај со нови докази.

Тие до крајот на неделата ќе бидат преведени и проследени во Франција за одлуката за барањето на Србија за екстрадирање на Харадинај, јави Танјуг.

Министерството за правда вчера испрати барање до Франција за екстрадирање на Харадинај со документи од истрагата за злосторства за кои се сомничи, а која е покрената во 2004 година.

Наредбата за проширување на истрагата се однесува за дела кои не се опфатени со истрагата против Харадинај што се водеше од 2004 година врз основа на која е распишана и потерницата против него.

Поврзани вести

Комисијата за ЕУ во Бундестагот ќе расправа за Зап... Комисијата за европски прашања при долниот дом на Германскиот парламент за утре закажала седница на која што централна тема треба да бидат состојбите ...
Вучиќ одби да патува во Косово... Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека нема утре да отпатува во Косово, бидејќи не прифаќа уцени од Приштина, јави Танјуг. – Не доаѓа предви...
Хрватска и понатаму над европскиот просек по бројо... На патишта во Европската унија во 2016 година загинале 25.000 луѓе што е за два отсто помалку во однос на 2015 година, а во Хрватска таа цифра е над е...
Косовската влада му дозволи предизборен престој на... Косовската влада му дозволи на српскиот премиер и кандидат за претседател,Александар Вучиќ да го посети Косово,во рамки на неговите предизборни активн...
Анкара со предупредување до Европа да не се меша в... Анкара ја предупреди Европа да не се меша во референдумот во Турција за промена на Уставот и проширување на овластувањата на претседателот Реџеп Таип ...
Ерјавец: Стабилноста на Западен Балкан е стратешки... Стабилноста и развојот на регионот на Западен Балкан се од стратешка важност за Европската унија, порача денеска словенечкиот министер за надворешни р...