Бугарија сака да набави модерна опрема за контрола на границите од Австрија

Бугарија сака да набави модерна опрема за контрола на границите од Австрија

Бугарската Влада го задолжи министерот за одбрана на Бугарија, Николај Ненчев да започне консултации од ресорното австриско Министерство за набавка на современа опрема за контрола на границите, соопшти денеска Прес-службата на бугарскиот владин Кабинет.

Како што јави БТА, во соопштението се наведува дека оваа опрема и е неопходна на бугарската Армија, која и помага на полицијата во контрола и заштита на држаните граници.

– Учеството на бугарската Армија во заедничките активноти на границата со Министерството за внатрешни работи, ја наметнува потребата за набавка на опрема соодветна за извршување на обврските, се наведува во соопштението.

Според бугарската Влада, со набавката на оваа опрема значително ќе се зголемат капацитетите на безбедносните сили за спречување на бегалскиот прилив преку копнената граница на Бугарија.

Поврзани вести

Хан ги предупреди Белград и Приштина да не го загр... Европскиот комесар за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан, денеска ги повика Србија и Косово да не го загрозуваат она што го пост...
Тачи до Николиќ: Заканите за војна се неприфатливи... Косовскиот претседател Хашим Тачи, на фБ регира на изјавата на српскиот претседател Томислав Николиќ дека Србија е подготвена да испрати војска на К...
Хрватска се уште не е призната од десетина држави... Хрватска, и после 25 години независност, се уште не е призната од неколку земји, објави хрватскиот портал Индекс. Тие држави одржуваат дипломатски ...
Уапсени девет турски полковници заради поврзаност ... Девет турски полковници се уапсени денеска во северниот дел на Кипар во рамките на истрагата против движењето на Фетхулах Ѓулен, кое турските власти г...
Патрушев: Во НАТО со сила се вовлекуваат Црна Гора... Секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев денеска изјави дека е поставен постојан курс за натамошна експанзија на НАТО, со што се...
Додик: Јавно ќе се откажам од пасошот од БиХ... Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави денеска дека функционерите од американската администрација во заминување настојувале да го спре...