Уапсени издавачот и директорот на грчкиот весник „Параполитика“

Уапсени издавачот и директорот на грчкиот весник „Параполитика“

Атинскиот синдикат на новинари (ЕСХЕА) денеска изрази „длабока загриженост“ за климата што беше создадена по вчерашното апсење на издавачот и на директорот на весникот „Параполитика“, под обвинение за клевета и обид за изнудување.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, ваквите обвиненија ги поднесе лидерот на партијата Независни Грци и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос.

– Бордот на ЕСХЕА е длабоко загрижен за климата што се создаде поради интервенцијата на органите на прогонот во канцелариите на новинарите. Новинарство мора да се практикува со одредени правила, но сите мора да ја бранат и да ја штитат слободата на печатот, стои во соопштението на Синдикатот.

Во меѓувреме, некои грчки медиуми јавија дека издавачот и директорот на „Параполитика“ најверојатно денеска ќе бидат пуштени од притвор. Тие во наредните неколку дена треба да се појават пред обвинител.

Поврзани вести

Издадени налози за 400 апсења во Турција... Турското обвинителство издаде налози за апсење на повеќе од 400 луѓе, меѓу кои се наоѓаат војници и припадници на обезбедување во 48 провинции ширум з...
Ердоган почна кампања за референдумот за неговите ... Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган започна кампања за поддршка на уставните реформи, кои значително ќе ги зголемат претседателските овластувања,...
Фрлени 60 тони сол на градските улици и булевари... Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатата ноќ, до 7 часот изутрината фрлиле 60 тони сол на градските булевари и улици, особено ...
Турскиот парламент одобри поголеми овластувања на ... Турскиот парламент одобри измени во Уставот, со кои е предвидено и зголемување на овластувањата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Со тоа е отво...
Животот на Доналд Трамп низ фотографии... Доналд Трамп кога имал четири години. Donald Trump, left, in a family photograph.CREDIT: Donald J. Trump for President, Inc. Семејната куќа на ...
Скокна во замрзнатиот Дунав за да спаси куче... Жител на Белград влезе во Дунав по кој пловат огромни санти мраз за да спаси куче. Кучето одело по мразот и во еден момент пропаднало. Неколку мажи т...