Бугарското Собрание ја одложи одлуката за осуда за „геноцидот врз Бугарите во Отоманската Империја“

Бугарското Собрание ја одложи одлуката за осуда за „геноцидот врз Бугарите во Отоманската Империја“

Бугарското Народно собрание денеска на својата прва пленарна седница во оваа година, го одложи изјаснувањето по Предлог-одлуката за осуда на геноцидот врз Бугарите во Отоманската Империја во периодот од 1396 до 1913 година, иницирана од националистичката партија Атака.

Како што јави БТА, решението за одлагање на изјасувањето по одлуката го предложи независниот пратеник Муса Пале со образложение дека Собранието за ова прашање не добило мислење од парламентарната Комисија за надворешна политика.

На ова реагираше пратеникот Димитар Бајрактаров од националистчката колаиција Патриотски фронт, кој истакна дека не е важно дали Комисијата за надворешна политика се произнела по ова прашање и побара Парламнетот сепак да гласа за предлогот „за да се види кои (пратеници) ја уважуваат сопствената нација“.

Против предлогот на Атака се изјасни независниот пратеник Љутви Местан, кој оцени дека „периодот на отоманското владеење не ги исполнува критериумите за ропстви и не може да се карактериизра како геноцид“. Според него, евентуалното такво решение на Парламентот би било „апсолутен преседан во светската политичка историја“ и гласањето по оваа одлука би довела до поделби во општетсвото.

Со предложениот текст на одлуката за осуда се предвидува 17 мај – денот на масакрот во селото Батак, да биде прогласен за Ден на почит кон жртвите на геноцидот врз Бугарите во Отоманската Империја.

Баташкиот масакр се случил на 17 мај 1876 година, кога по задушувањето на Априлското востание, припадници на османлискиот башибозук ликвидирале голем број христијански жители во селото Батак во реонот на Пазарџик во југозападна Бугарија. Според различни податоци, при масакрот биле убиени меѓу 1.500 и 5.000 локални жители.

Според предлагачите на осудата, со оваа иницијатива се сака да се изнесе пред јавноста „ставењето пот тепих на 500-те години турско ропство“.

Атака досега во шест наврати предлагаше слична иницијатива, но Собранието не се произнесуваше по овие предлози.

Лидерот на Атака, Волен Сидоров при последното одлагање на ваквата иницијатива во ноември минатата година, изјави дека таквата постапка на пратениците е доказ за влијанието на Турција врз бугарската политика.

Поврзани вести

Војската на Црна Гора планира да набави нова техни... Војската на Црна Гора наскоро би можела да биде засилена со три хеликоптери, радар и оклопни возила, јавува подгорички „Вијести". Парите за тоа би ...
Двајца загинати во хеликоптерска несреќа во Грција... Грчките власти соопштија денеска дека на подрачјето северно од Атина, се урнал мал цивилен хеликоптер, при што животот го загубија две лица, а третото...
Вучиќ очекува голем број странски претставници на ... Претседателот на Србија, Александар Вучиќ очекува голем број странски државници да присуствуваат на денешната инагурација. На церемонијата предвиде...
Повратниците од боиштата од Сирија закана за безбе... Косовските повратници од боиштата во Сирија и Ирак, може да бидат сериозен безбедносен предизвик, иако се уште се на изджување на затворска казна. ...
Рама уште од сега на мака, коалиција со него не са... Албанскиот премиер и лидер на Социјалстичката партија категорично ја отфрли можноста за коалиција со досегашниот владин партнер Движењето за социјалис...
Угинат бел кит пронајден на турскиот брег... Трупот на угинат бел кит бил исфрлен на брегот на јужниот турски округ Хатај, јави турската НТВ. Морскиот цицач е од видот Фисетер макроцефалус и е...