ЕЛЕМ: Снабдувањето со струја редовно, Грција го исклучи далноводот кон Македонија

ЕЛЕМ: Снабдувањето со струја редовно, Грција го исклучи далноводот кон Македонија

Снабдувањето со електрична енергија за тарифните потрошувачи – домаќинствата и помалите компании на регулираниот пазар за електрична енергија се одвива редовно и во согласност со потребите. Во изминатите 24 часа целосно е одговорено на потребите на конзумот со оптимизација на домашните производни капацитети и преку набавка на електрична енергија во часовни периоди од денот кога се бележи најголема потрошувачка, информира АД ЕЛЕМ.

Од компанијата посочуваат дека во текот на вчерашниот ден е регистриран преку 30 проценти поголем конзум од вообичаениот за предметниот период, а измерената температура за тој период била 15 степени пониска во однос на просекот за последните пет години.

– Сите расположливи капацитети за производство на АД ЕЛЕМ се ставени во погон, а дел од количините преку редовна постапка за набавка на електрична енергија кои компанијата редовно ги објавува на својата веб страница се обезбедени на слободниот пазар во согласност со постојните правила и процедури усвоени од Регулаторната комисија за енергетика. И понатаму внимателно се следи потрошувачката на електрична енергија и се прилагодува производството од домашните капацитети во согласност со потребите на потрошувачите на регулираниот пазар, соопшти АД ЕЛЕМ.

Оттаму нагласуваат деке временските услови од кои се погодени земјите од Југоисточна и Централна Европа, зголемената побарувачка и потрошувачка, како и застојот на повеќе термоенергетски и нуклеарни капацитети во регионот и во земјите од Централна Европа, директно влијаат и на цените на електричната енергија.

– Во текот на вчерашниот ден Република Грција воведе забрана за физички трансакции и го исклучи далноводот кон Македонија, односно не дозволи транзит на енергија. Истовремено, и соседна Бугарија ги разгледувала опциите за затворање на сопствената интерконекција кон соседните земји, посочуваат од АД ЕЛЕМ.

Повторуваат дека набавката на електрична енергија што се врши во овој период нема да влијае врз цената на електричната енергија за домаќинствата и за малото стопанство кои се на регулираниот пазар за електрична енергија, затоа што негативните финансиски импликации во целост се нивелирани со додадената вредност од продажбата на вишоци на електрична енергија што АД ЕЛЕМ ја реализираше во ноември и декември, како и од вишоците што компанијата ќе ги реализира во наредниот период. Средствата за таа намена АД ЕЛЕМ во целост ги обезбеди од сопственото работење.

Поврзани вести

Прекин на сообраќајот на обиколницата Битола-Ресен... Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку град...
Димитриевски: Војската во партали, а власта богата... Пратеникот Максим Димитриевски укажува на очајната состојба во која се наоѓа АРМ. Димитриевски вели дека војникот е сведен на дното на општеството. То...
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да говори за со... Со писмена реакција, ВМРО ДПМНЕ го критикува СДСМ дека тие биле партијата која што со штетни одлуки го упропастиле Скопје. „Продолжува хистеричното...
Хан: Само широко парламентарно мнозинство може да ... Европскиот комесар задолжен за европската соседска политика и за преговорите за проширување, Јоханес Хан во обраќањето до Парламентарното собрание на ...
Избор на најдобар менаџер за човечки ресурси во Ма... Македонската асоцијација за човечки ресурси третпат организира избор на најдобар менаџер за човечки ресурси. Пријавувањето може да се изврши до 31 јан...
Пожар во угостителски објект во центарот на Кичево... Пожар избувна денеска на пладне во подрумскиот дел на угостителски објект во центарот на Кичево, лоциран на улицата „Амит Челопечанец“. Како што и...