Мариборски „Вечер“: Босанските Срби повторно ѕвецкаат

Мариборски „Вечер“: Босанските Срби повторно ѕвецкаат

Босанските Срби повторно ѕвецкаат, но овојпат повеќе со зборови, отколку со оружје, наведува мариборскиот весник „Вечер“ во својот осврт на прославата на Денот на Република Српска во Бања Лука.

На манифестацијата во Бања Лука беше и српскиот претседател Томислав Николиќ и некои членови на Владата на Србија, но не и српскиот премиер Александар Вучиќ, кој, како што наведува „Вечер“, во минатото „знаеше да ги заузда политичарите на босанските Срби“.

Љубљанскиот весник „Дело“, потсетувајќи дека со Дејтонскиот мировен договор Србите во БиХ добија свои институции и уставно загарантирана положба на рамноправност и право на заедничко одлучување со другите народи во рамки на државата, оценува дека попустливиот однос на меѓународната заедница кон неуставниот референдум за Денот на Република Српска, може да предизвика и нови плебисцитарни изјаснувања од страна на босанските Срби.

– На дневен ред би можел наскоро да се најде и референдум за отцепување на Република Српска, иако таа настана како резултат на етничко чистење и геноцид, наведува „Дело“, додавајќи дека ако почне да се реализира тоа сценарио, тогаш на „Босна црно и се пишува“.

Љубљанскиот весник „Дневник“ пак во тексот под наслов „Бања Лука не попушти пред Сараево“ наведува дека најспорен момент на прославата на Денот на Република Српска е тоа што на неа беше одржана и смотра на воените единици.

– Интересно е и што на прославата како главен говорник беше избран режисерот Емир Кустурица, кој рече дека Србите во БиХ се најголеми губутници од последната војна, при тоа не споменувајќи ниту еден збор за загубите и страдањата на другите народи, наведува весникот.

Според „Дневник“, по ваквата реторика на Кустурица, кој бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ го нарече „помошник на Луцифер“, говорите на Николиќ и на претседателот на Република Српска, Милорад Додик изгледале „толерантни“.

Поврзани вести

Радев распиша вонредни парламентарни избори во Буг... Бугарскиот претседател Румен Радев денеска распиша вонредни парламентарни избори, што ќе бидат одржани на 26 март и одреди до тогаш функцијата премиер...
Месиќ се извини „доколку некого навредил“ со изјав... Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ се извини денеска „доколку некого навредил“ со изјавата за Јасеновац, со која ги негира злосторствата во ...
„Мерцедесот“ на Тито се продава за три милиони евр... „Мерцедесот“ кој му припаѓал на некогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, а во кој се возеле лидери на многу држави и нивните сопруги, се прод...
Тачи: Не очекуваат тешки денови во односите со Срб... Косовскиот претседател Хашим Тачи во вторникот изјавил дека Косово во односите со Србија го очекуваат „тешки денови“ и дека потребна е „политичка и гр...
Семејството на косовски активист, убиен во 1999 го... Семејството на активистот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Хаки Имери, кој во 1999 година бил убиен под неразјаснети околности, сака да го тужи...
Каменос: Има план за заживување на албанскиот наци... Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос го осуди како недозоливо однесувањето на седум нови војници со албанско потекло во армијата, кои пред неколк...