Пунктот во Момин Поток отворен 24 часа до завршување на студениот бран

Пунктот во Момин Поток отворен 24 часа до завршување на студениот бран

Пунктот за бездомни лица во Момин Поток ќе биде отворен 24 часа до завршување на стидениот бран, за прифаќање на лицата кои имаат потреба да бидат згрижени во деновите кога температурите паѓаат под нулата.

Како што информираат од Град Скопје, тимови од пунктот со возило ги преземаат бездомниците од местата каде што се лоцирани, а бездомниците може да го повикаат тимот на телефонскиот број 3139 578 во Дирекцијата на Црвениот крст на град Скопје.

Пунктот за бездомни лица функционира веќе осум години. Тој е отворен преку целата година и лицата два пати неделно може да користат услуги за одржување хигиена, медицинска заштита и лекови, облека, психолошка поддршка, правна помош, фризерски услуги, како и дневен оброк кога лицето е во пунктот. Во 2010 година од буџетот на Град Скопје се набавени и целосно опреми два контејнера со 16 кревети и бања.

Досега, со поддршка на Град Скопје, 8 лица се работно ангажирани во јавните претпријатија. Оваа практика, како што информираат од Град Скопје, е планирано и во иднина да продолжи и да им помага на оваа категорија граѓани. Црвен крст на Град Скопје, кој е координатор на активностите на Пунктот за бездомни лица во Момин Поток, секоја година е поддржан со 500.000 денари од буџетот на Град Скопје.

Градот Скопје, како што се наведува во соопштението, и во иднина од буџетот ќе издвојува средства за финансирање на овој пункт и за проширување на неговите капацитети, односно за помагање на оваа катергорија граѓани и на сите граѓани коишто имаат потреба да бидат згрижени.

Поврзани вести

Честитка од Ахмети по повод инаугурацијата на Трам... Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети вечерва, од свое и од име на партијата, упати честитка до САД по повод ианугураци...
Реакција на Министерството за здравство... Во врска со одржаната прес конференција на СДСМ, Министерството за здравство информира дека вакцините против сезонски грип не се обезбедуваат од буџет...
ВМРО-ДПМНЕ: Заштедата со набавката на вакцини, за ... СДСМ не е навикнат да се набавуваат квалитетни медикаменти по ниски цени. Принципот на работење на СДСМ беше свесно да се држат прескапи цени на леков...
Груевски: ДУИ изгуби гласови поради политиката на ... Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за косовскиот “Газета Експрес“ најавува дека ќе се обиде да создаде коалиција со ДУИ, но ако постоја...
Дачиќ: Ако ве навредува БЈРМ, зошто седите во ОН, ... За Србија е навредливо користењето на називот „Република Косово“, одговори експресно шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, по повод барањето на ...
ВМРО-ДПМНЕ: Лаги се дека партијата испрала 55 мили... Службата за односи со јавност на Општина Центар излезе со груби лаги и клевети против ВМРО-ДПМНЕ неосновано обвинувајќи ја партијата за наводно испран...