„Ламборџини“ го проби плафонот- во 2016. ја имаше најдобрата продажба во историјата

„Ламборџини“ го проби плафонот- во 2016. ја имаше најдобрата продажба во историјата

Италијанскиот производител на суперспортски автомобили „ламборџини“ на купувачите во 2016 година им испорача 3.457 возила, со што го забележа новиот продажен рекорд на сите времиња.

Минатата година беше шеста година по ред во која „Ламборџини“ бележи раст во продажбата, а по првпат во својата 54-годишна историја за 12 месеци беа испорачани повеќе од 3.400 автомобили. Резултатот е уште поимпресивен кога ќе се има во предвид дека „Ламборџини“ во својата гама практично има само два модела – „Авентадор“ и „Хуракан“.

„Хуракан“ во 2016 година стигна до 2.353 нови сопственици, додека „Авентадор“ се најде во гаражите на 1.104 купувачи. Паралелно со овој продажен резултат, во декември беше одбележен и мал јубилеј – од производните ленти се симна 6.000 примерок на „Авентадор“.

Најважниот поединечен пазар и натаму се САД, каде во 2016 година беа пласирани 1.041 модели на „Ламборџини“.

За ваквиот комерцијален успех на „Ламборџини“ заслужна е матичната компанија, германскиот „Фолксваген“. Имено, пред преземањето од страна на „Фолксваген“, во 1999 година, „Ламборџини“ годишно изработуваше само неколку стотину возила.

Италијанскиот производител очекува трендот на раст на продажбата да продолжи и во 2017 година, додека во 2018 година бројот на испорачани возила треба драматично да нарасне, благодарение на воведувањето на новиот модел, СУВ-от „Урус“.

Поврзани вести

Кои бои на автомобили биле најбарани во 2016 годин... Белата се уште е најпопуларна автомобилска нијанса во Европа, со учество од 29 проценти во продадените нови возила, а по неа следи црната со 19 процен...
Визијата на „Шкода“ за во иднина: Купе кросовер на... Чешкиот производител на автомобили „Шкода“ на престојниот авто-салон во Шангај ќе го претстави концептот „Вижн Е“ со кој ја најавува серијата продукци...
ВИДЕО: Идниот персонален суперавтомобил на Путин... Идниот автомобил на рускиот претседател Владимир Путин е тестиран на замрзнато езеро во Шведска, пишува порталот „Мотор 1“. Во написот се вели дека...
Бe-Ем-Ве го најави моделот М8 за во 2019 година... Повеќе нема никакви дилеми - Бе-Ем-Ве дефинитивно најави дека во 2019 година ќе почне со производство на нова генерација од „Серијата 8“, чиј најмоќен...
ВИДЕО: Каде и зошто речиси нови 120.000 дизел авто... Видеото кое ви го прикажуваме, е од САД, каде што компанијата Volkswagen започна да ги собира проблематичните дизел автомобили. Станува збор за воз...
ВИДЕО: „Сеат Леон Купра“ против шест хаски на замр... Најсилниот автомобил кој компанијата „Сеат“ некогаш го произвела „Леон Купра“, кој има 300 коњски сили, застана на стартната линија со едни од најбрзи...