Хамилтон: Девојчињата порано стануваат девојки

Хамилтон: Девојчињата порано стануваат девојки

Меги Хамилтон, авторката на книгата „Што се случува со нашите девојчиња“ истакнува дека „прескокнувањето на детството“ стана општ тренд и оти родителите треба да бидат загрижени за тоа.

Таа тврди дека девојчињата денес стануваат девојки на 10-годишна возраст, бидејќи тогаш почнуваат да се депилираат, да лакираат нокти, да го „крадат“ карминот од мајката. Уште од предучилишна возраст сакаат брендирана облека, а во четврто одделените држат диета, на 13 години разменуваат пораки со сексуална содржина, а на 15-годишна возраст се во „сериозна“ врска.

– Тие го прескокнуваат детството, со што се ускратени за еден природен процес на созревање. Мајките ги праќаат девојчињата на бразилска депилација само што ќе добијат прва менструација, посочува Хамилтон и прашува „Што е следно?“.

Таа заклучува дека на девојчињата во подоцнешните години нема ништо да им е интересно, бидејќи во времето кога требало да играат со кукли, пробале се што некогаш било резервирано за возрасните. А, притоа останале незрели.

Поврзани вести

Бенедикт Камбербач и Софи Хантер добија уште еден ... Британскиот глумец Бенедикт Камбербач, најпознат по улогата на Шерлок Холмс и неговата сопруга Софи Хантер уште на почетокот на март добиле син, кој ш...
Шведските хотели им враќаат пари на паровите во сл... Брачните двојки кои претстојувале во хотелите на луксузниот шведски ланец „Countryside“ и се развеле во текот на следната година ќе ги добијат парите ...
Јутјуб преплавен од цртани филмови со несоодветни ... На денешните деца поприродно им е „лизгањето“ со прст по екраните на таблетот или телефонот отколку вртењето страници на книги, а модерниот живот и мо...
Боб Дилан в петок ќе го промовира новиот албум... Американскиот кантавтор и Нобеловец, Боб Дилан најави дека в петок на 31 март ќе го промовира својот нов албум „Triplicate“, во кој се преработени хит...
(ВИДЕО) Дупка на асфалтот за малку ќе „проголташе“... Дупка широка неколку метри се отвори на автопат во кинескиот град Нанин, буквално под тркалата на автобус, но возачот, за чудо, успеал навреме да го и...
(ВИДЕО) Турски фармер вгради опрема од 1.800 евра ... Кога Мурат Карлеоглу (30), земјоделец од турската провиниција Ајдин, се враќа од нивата, цело село знае за тоа. Имено, тој потрошил 7.000 турски лири ...