СДСМ: Граѓаните ќе контролираат за што се трошат нивните пари!

СДСМ: Граѓаните ќе контролираат за што се трошат нивните пари!

„Граѓаните ќе имаат целосна контрола во трошењето на нивните пари, што преку даноците и другите давачки се слеваат во Буџетот!

За ова граѓаните гласаа и така мора да работи и ќе работи новата Влада.

Ниту еден денар од Буџетот на Република Македонија нема да се троши своеволно и тајно, како што тоа до денес го прави Владата во заминување.

Ќе има целосна транспарентност околу начинот и целта на трошењето на парите на граѓаните, а не како, на пример, вчерашното задолжување што го направи министерот за финансии во заминување Кирил Миноски. Граѓаните знаат дека доспеале за плаќање обврски од 15 милиони евра, но не знаат зошто Миноски ги задолжи 30 милиони евра и каде и за кого ќе одат нивните пари, затоа што тој одлучи да крие.

На изборите на 11 декември граѓаните кажаа дека не сакаат неодговорни политичари, криминалци и институции што работат во служба на партии и лични интереси на функционери.

Во Планот за живот во Македонија СДСМ се обврза пред граѓаните дека секој граѓанин ќе може преку својот компјутер да ги следи сите државни трошоци, во моментот кога тие се реализираат. Сите државни институции и буџетски корисници ќе имаат обврска јавно да ги објавуваат своите финансиски извештаи. Буџетот ќе се носи по квалитетни јавни дебати. А криењето на јавниот долг ќе биде кривично дело.

Во демократска држава, во каква што избраа граѓаните да живеат, институциите мора да работат во служба на граѓаните и мора да го прават тоа јавно и отчетно.

Промените се незапирливи, доаѓа таков живот во Македонија! Од оваа 2017 почнуваме да го создаваме животот што го избравме“, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани вести

Шојбле: Кредиторите на Грција постигнаа заедничка ... Германскиот министер за финасии Волфганг Шојбле изјави дека кредиторите на Грција „сега имаат заедничка позиција“, Шојбле ја даде оваа изјава пред...
СДСМ: Криминалната власт на Груевски изминативе 10... „Поддршка за раст и развој на домашните фирми, за отворање на нови фирми и за нови вработувања ќе има но тоа ќе го спроведе новата одговорна Влада на ...
(ВИДЕО) Андоновски: На Клиниката за гинекологија б... „Овде сме да порачаме дека ваква несериозна власт никогаш повеќе не смее да и се повтори на Република Македонија. Никола Тодоров и здравствените влас...
Стопанска комора: ЕЕН моќна алатка за наоѓање нови... Вкупно 44 македонски компании склучиле деловни договори со странски партнери во периодот 2015-2016 година преку Европската мрежа за бизнис можности (Е...
Движење БЕСА: Заедничката тркалезна Маса на Албанс... „Имајќи предвид дека во последно време се крена многу прашина за Заедничката Декларација на Албанските Партии во Македонија и за организирање на Тркал...
Миноски: Државата редовно ги сервисира обврските... Државата редовно ги сервисира обврските кон стопанството, изјави министерот за финансии Кирил Миноски. Миноски за ТВ Нова вели дека државата не дол...