Бугарското Собрание ќе расправа за „геноцидот врз Бугарите во Отоманската Империја“

Бугарското Собрание ќе расправа за „геноцидот врз Бугарите во Отоманската Империја“

На својата прва пленарна седница во оваа година, бугарското Народно собрание денеска ќе ја разгледува Предлог-одлуката за осуда на геноцидот врз Бугарите во Отоманската Империја во периодот од 1396 до 1913 година.

Како што јави БТА, предлагач на одлуката за осуда е националистичката партија Атака.

Со предложениот текст се предвидува 17 мај – денот на масакрот во селото Батак, да биде прогласен за Ден на почит кон жртвите на геноцидот врз Бугарите во Отоманската Империја.

Баташкиот масакр се случил на 17 мај 1876 година, кога по задушувањето на Априлското востание, припадници на османлискиот башибозук ликвидирале голем број христијански жители во селото Батак, во реонот на Пазарџик во југозападна Бугарија. Според различни податоци, при масакрот биле убиени меѓу 1.500 и 5.000 локални жители.

Според предлагачите на осудата, со оваа иницијатива се сака да се изнесе пред јавноста „ставењето пот тепих на 500-те години турско ропство“.

Атака досега во шест наврати предлагаше слична изницијатива, но таа беше одбивана од Собранието.

Лидерот на Атака, Волен Сидоров при последното одбивање на ваквата иницијатива во ноември минатата година, изјави дека таквата постапка на пратениците е доказ за влијанието на Турција врз бугарската политика.

Поврзани вести

Николиќ: Вучиќ ја има мојата поддршка, но и јас мо... Претседателот на Србија, Томислав Николиќ изјави дека верува дека можел да победи во претседателската трка, но не сакал да инсистира за кандидатура по...
Косово нема да изгуби територија со демаркација на... Комисијата од косовски експерти заклучи дека спогодбата за демаркација на границата со соседна Црна Гора не ѝ штети на територијата на Косово, како шт...
Стабилноста на Западен Балкан е од клучна важност ... Командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО во Европа, генерал Куртис Мајкл Скапароти, денеска во Приштина изјави дека стабилноста на Западен ...
Јункер: Земјите од Западен Балкан ќе се приклучат ... Сите земји од Западен Балкан имаат перспектива за членство во Европската унија, но тоа ќе се случи по 2019 година, соопшти денеска претседателот на Ев...
БИРН: Хрватска заработила милиони евра од продажба... Хрватска, во однос на времето на поранешна Југославија, во 2016 година драстично ја зголемила продажбата на муниција на Саудиска Арабија, тврди Балк...
Коцијанчиќ: Турција треба да ги почитува демократс... Турција како земја кандидат за членство во ЕУ треба да ги почитува демократските стандарди на заедницата, вклучувајќи ја и слободата на медиумите, изј...