Почна гласањето за Европските бизнис награди 2016/2017

Почна гласањето за Европските бизнис награди 2016/2017

Почна гласањето за избор на национален јавен победник при годинашните Европски бизнис награди 2016/2017 за Македонија, како и за уште 33 други држави учеснички во овој избор.

ИТ компанијата Брансис, како една од компаниите кои беа избрани од комисијата при Европските бизнис награди за национален победник, продолжи во трката за избор на национален победник на Македонија, избран од гласачите. Брансис, поддржана од Smartportal, кој се погрижи за снимање на видеото, повикува на поддршка за гласање од публиката во следните седум недели.

Бранко Трајковски, основач на Брансис изјави дека им претставува чест што се номинирани како национален победик на Европските бизнис награди за Македонија.

– Нашето видео е отворено за гласање за избор на национален победник за Македонија, избран од гласачите, се до 1 март. Секој Ваш глас ни значи многу, и нѐ прави горди што сме дел од успешните приказни од Македонија, со признание на европско ниво, поддржани од јавноста, рече Трајковски.

Гласањето за Брансис е на линкот: http://www.businessawardseurope.com/vote/detail-new/the-rsm-international-entrepreneur-of-the-year-award/19078

На јавното гласање учествуваат повеќе од 350 национални победници избрани од комисијата, натпреварувајќи се меѓусебно од вкупно 34 држави од Европа. По седумнеделното гласање, компаниите со најмногу гласови од секоја држава ќе бидат прогласени за Национален јавен победник (National Public Champion) на 6 март 2017. По изборот на овие 34 победници, ќе почне вториот круг на гласање, од 6 март до 27 април за избор на Европски јавен победник (European Public Champion).

Минатата година јавното гласање на Европските бизнис награди донело повеќе од 227.000 гласови од целиот свет. Наградите се основани за да го поддржат развојот на посилна и поуспешна бизнис заедница во Европа и пошироко. Оваа година учестуваа повеќе од 33.000 бизниси од 34 држави.

Поврзани вести

Како Венецуела од најбогата економија во Јужна Аме... Индекс - Загреб Венецуела беше една од најбогатите земји на Латинска Америка, а денес личи на земја погодена од војна. Минатата година стопанството...
Цакалотос оптимист за решение за проблемот со грчк... Грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос е оптимист и смета дека на средбата на еврогрупата на 15 јуни ќе биде најдено решение за должничкиот п...
Дебата за перспективите на контролинг професијата ... „Контролинг професијата во Македонија - состојби и перспективи“ е насловена форумската дебата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Ак...
Саем за вработување во Кавадарци... Во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци денеска ќе се одржи Саем за вработување, на кој кавадаречките работодавачи ќе ги претстават нивните потреби з...
Директните странски инвестиции во 2016. година во ... Според податоците на Хрватската централна банка директните странски инвестиции во земјата во текот на минатата година изнесувале 1,706 милијарди евра ...
Ципрас апелира кредиторите да одобрат мерки за грч... Грчкиот премиер Алексис Ципрас апелираше до Меѓународниот монетарен фонд и европските кредитори да се договорат за мерките за грчкиот долг пред истеко...