Заштитата на приватноста може да ги загрози приходите на социјалните мрежи

Заштитата на приватноста може да ги загрози приходите на социјалните мрежи

Сервисите за допишување преку Интернет, како што се Ватсап, иМесиџ и Џимејл, би можеле да се соочат со построги правила за начините на кои мора да ги следат активностите на своите корисници, доколку биде усвоен предлогот на Европската комисија за заштита на приватноста, кој е синоќа претставен.

Како што се наведува, сервисите ќе мора да гарантираат доверливост за разговорите на своите корисници и да бараат нивна дозвола за следење на активностите, со цел да им прикажуваат прилагодени реклами.

Повеќето бесплатни онлајн сервиси се потпираат на маркетинг за да се финансираат, што предизвикало стравување дека предлогот на ЕК би можел да ги загрози тие приходи.

Предлогот на ЕК предвидува одредени правила кои моментно се однесуваат само на телеком операторите, но се прошируваат на интернет компаниите кои нудат услуги за повици и испраќање и добивање на пораки преку интернет, со цел да се затвори јазот во законските прописи меѓу телеком индустријата и повеќето американски интернет гиганти, како што се Фејсбук, Гугл и Мајкрософт.

Поврзани вести

Европол и Интерпол конфискуваа фалсификувана храна... Повеќе од 9.800 тони фалсификувана храна и 26,4 милиони литри пијалаци првенствено алкохолни, во вредност од 230 милиони евра се конфискувани во опера...
ЕУ укинува роаминг од 15-ти јуни... Од 15 јуни корисниците на мобилна телефонија од државите членки на Европската унија, кои патуваат во други држави членки, ќе може да користат роаминг ...
Англиското девојче кое пред 10 години исчезна во П... Англиското девојче Маделин Мекан кое на 3 мај 2007 година, исчезна во Португалија, најверојатно е грабнато од шверцери на луге и продадено на некое им...
Британските лабуристи гарантираат останување на си... Британската опозициска Лабуристичка партија соопшти дека доколку ја освои власта на предвремените избори на 8 јуни, ќе го отфрли планот на актуелниот ...
Иванка Трамп – главна ѕвезда на женскиот сам... Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, која е една неговите најблиски и највлијателни соработници, Иванка Трамп денеска пристигна во Берли...
Еквадорски медиуми казнети за необјавен компромити... Еквадорската владина комисија за медиуми, парично казни четири угледни весници и три домашни телевизиски станици, затоа што не објавиле компромитирачк...