Во Битола најстудено, во Маврово најмногу снег

Во Битола најстудено, во Маврово најмногу снег

Најниска температура од -22 степена е измерена во Битола, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Тетово и Маврово се измерени -20, -19 во Лазарополе, -18 во Скопје (мерна станица Петровец), -17 во Пожаране и Прилеп, -16 во Берово и Ѓуриште, -15 во Дебар, Скопје (мерна станица Зајчев Рид) и во Крушево, -14 во Штип, Крива Паланка, Тополчани и Куманово, -13 во Виница, -12 во Демир Капија, Струмица и Претор, -11 во Охрид и -7 степени во Дојран и Гевгелија.

Највисока снежна покрива утрово имало во Маврово (68 сантиметри), 44 во Лазарополе, 43 во Пожаране, 35 во Тополчани, 30 во Берово, 28 во Тетово, 26 во Ѓуриште, 24 во Крушево, 18 во Крива Паланка, 17 во Струмица, 16 во Битола, 14 сантиметри во Демир Капија и Штип, 12 во Виница, 11 во Охрид, 10 во Претор и Скопје (Петровец), 9 во Прилеп, 8 во Скопје (Зајчев Рид) и 2 сантиметра во Гевгелија,

Во изминатите 24 часа најмногу наврнат воден талог имало во Берово, 10 литри на метар квадратен, 9 во Струмица, 6 во Виница, 2 литра во Тетово и Пожаране и еден во Ѓуриште, Крушево, Претор, Крива Паланка, Скопје, Штип, Маврово и Битола.

Како што соопшти УХМР, времето утрово е умерено до значително облачно, во Крива Паланка и Битола има слаби врнежи од снег. Дува слаб северен ветер.

Во јужните делови денеска времето ќе биде претежно облачно со локален слаб снег. Во северните делови ќе има намалена облачност и ќе преовладува умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од -9 до -3 степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно со слаб североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до -6 степени.

УХМР информира дека и утре изутрина утринските температури на повеќе места ќе бидат под -15 степени, а дневните ќе бидат во благ пораст. Позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежи ќе има во сабота кога во западните делови ќе се формира нова снежна покривка.

Поврзани вести

Честитка од Јолевски по повод Денот на сесловенски... Министерот за одбрана Зоран Јолевски на вработените во Министерството, припадниците на Армијата на Република Македонија и сите граѓани им го честита 2...
Честитка од претседателот на Собранието Џафери по ... Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери од свое и од име на пратениците, упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенски...
Сеча на 30 хектари опожарена шума во Делчевско... За да се спречи појава и ширење на растителни болести и штетници, во Делчевско ќе се врши фитосанитарна сеча на 30 хектари шума што беше опожарена во ...
Најмногу дожд во Штип, најмалку во Охрид... Најстудено утрово беше во Лазарополе, шест степени, а најмногу дожд последниве 24 часа наврна во Штип, вкупно 87 литри на метар квадратен. Како што...
Облачно со локален пороен дожд, град и ветер... Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со услови за локално невреме, појава на град и засилен ветер. Утринската температура ќе се дв...
Без струја утре повеќе делови на Скопје... Без електрична енергија утре од 12 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Иван Тургењев“ во општина Кисела Вода. Како што соопшти Реги...