СДСМ: Миноски не смее да крие, веднаш да одговори за што ги задолжи граѓаните 15 милиони евра повеќе

СДСМ: Миноски не смее да крие, веднаш да одговори за што ги задолжи граѓаните 15 милиони евра повеќе

На граѓаните итно им се потребни институции што ќе работат во нивна служба и нивен интерес. Министерството за финансии раководено од Кирил Миноски попладнево, скандалозно, испрати таканаречена реакција во којашто не одговара на клучното прашање од интерес на граѓаните, велат од СДСМ.

„Зошто Кирил Миноски на заминување ги задолжи со над 15 милиони евра повеќе од потребното? Миноски денеска гo реализира најавеното задолжување од 31.7 милиони евра. 15.8 милиони евра се доспеани обврски за враќање оваа недела.

Зошто Миноски направи задолжување од 31.7 милиони евра, ако обврските за плаќање се 15.8 милиони евра?

Само нова и одговорна Влада на граѓаните на Р.Македонија може да ги запре непотребните задолжувања и да одговори на нивните реални потреби. Порачуваме дека никој не смее да работи на штета на граѓаните и дека за секоја направена штета ќе има одговорност“, посочуваат од СДСМ преку соопштение.

Поврзани вести

Самит на ЕУ: Економијата оди на подобро... Шефовите на држави или влади од Европската унија на денешниот состанок во Брисел заклучија дека мора да се прекине мигрантскиот бран во Европа. Тие...
Дијалог за минимална плата – предложено мини... Министерот за финансии Драган Тевдовски, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заменик министерката за финансии Ширет Елези и еконо...
Средба Заев-Бренде: Владата на Македонија отвора н... Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со Борг...
Земјоделците бараат прогласување елементарна непог... Да се прогласи елементарна непогода за житните култури на територија на целата држава поради сушата која предизвика намалени приноси на јачменот за 70...
Почна дијалогот за зголемување на минималната плат... Околу проектираната минимална плата од 12.000 денари што беше и предизборно ветување, не треба да постои дилема, за тоа ќе има пари во ребалансот на Б...
Мицкоски: Целокупната тендерска документација ќе б... Раководството на АД „Електрани на Македонија“ целокупната тендерска документација како комерцијална така и техничка ќе ја стави на увид на јавноста, и...