ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за финансии успешно менаџира со државните финансии

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за финансии успешно менаџира со државните финансии

Каматата за денешното задолжување, преку издавање на државните хартии од вредност изнесува 2.4отсто и претставува најниска каматна стапка која Министерството за финансии ја добила во последните неколку години, што е пример за успешно менаџирање со државните финансии и водењето финансиска политика, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ за новите задолжувања на Министерството за финансии.

Како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, државните хартии од вредност, како финансиски инструмент за финансирање на буџетскиот дефицит, ги воведе токму СДСМ кога беше на власт.

– За разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт и управува со државните финансии, секогаш кога СДСМ е на власт домаќинското работење е стран поим, а државните хартии од вредност се издаваат за камати кои се надвор од секаква економска логика и изнесуваат петкратно повеќе од сегашните 2.4 отсто, односно изнесуваа фантастични 11 проценти. Токму ваквите и слични манипулации, пропратени со писмата кои СДСМ ги праќаше до странските кредитори, еднаш го одложија издавањето на минатогодишната еврообврзница, за на второ закажаната лицитација, државата како резултат на финансискиот тероризам на СДСМ да плати цели 25 милиони евра повеќе од првично предвидените пари. Пари кои ќе останеа во државната каса, доколку не беше политичко-финансискиот дилетантизам на СДСМ, се посочува во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, токму недомаќинското управување со државните финансии и раскрчмувањето на државниот капитал се главните причини зошто СДСМ е опозиција веќе 10 години, а ќе остане, се наведува, и наредните четири години.

Поврзани вести

Во Тетово одржана втората инфо-сесија за подобра б... Во Тетово денеска се одржа втората инфо-сесија од предвидените 18, за подобра бизнис регулатива, соопшти Стопанската комора на северозападна Македониј...
Функционална Агроберза и извоз на вишокот производ... Да профункционира Агроберзата, да се организира извоз на вишокот домашно производство и државните институиции да бидат почесто на терен, побараа денес...
Обука за 400 невработени лица кај познат работодав... Сите евидентирани невработени лица регистрирани како активни баратели на работа од денеска можат да аплицираат за тримесечна обука кај познат работода...
„Прото тема“: Грците оставаат милиони евра во маке... Со познати имиња од грчката естрада, бесплатна храна и пијалоци, македонските казина го цедат она што е останато од колабираната економија во северна ...
Кредит од Светска банка за БиХ... Одборот на директори на Светската банка одобри кредит од IBRD за Босна и Херцеговина во износ од 74,50 милиони евра (80 милиони американски долари) за...
Раст на стопанската активност во еврозоната... Растот на стопанската активност во приватниот сектор во еврозоната во март е забрзан во однос на февруари и достигна највисоко ниво во изминатите шест...