ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ десет години го критикува РЕК Битола и се потсмева со вработените

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ десет години го критикува РЕК Битола и се потсмева со вработените

СДСМ уште еднаш во обид да извлече ситни дневно политички поени критикува неосновано и се служи со лаги и манипулации за да дојде до некој ситен политички поен.

Прво, обвинува за нетранспарентност при процесот на набавка на електрична енергија, па самиот се демантира лиферувајќи веќе јавно објавени документи од АД ЕЛЕМ.

СДСМ десет години го критикува РЕК Битола и се потсмева со вработените во комбинатот кои деноноќно работат за да овозможат континуирано производство.

Станува збор за прв застој на ТЕ Битола 3 после речиси половина година со оглед дека овој капацитет во континуитет испорачуваше електрична енергија од август минатата година.

СДСМ треба да знае дека поради временските околности состојбата со снабдувањето и со производството на електрична енергија е значително отежнато во речиси сите земји во регионот и пошироко. Тие фактори директно ја диктираат цената на електричната енергија на берзите во Европа, а не ЕЛЕМ. Но, тоа се политизира само кај нас во Македонија за да се создаде тензија кај народот и со тоа СДСМ да заработи ситни политички поени.

После завчерашниот блам дека се крие набавката на електрична енергија, иако за целата постапка јавноста беше информирана преку прес конференција, како и редовно преку веб страна на АД ЕЛЕМ, СДСМ се обидува да оди чекор подалеку и секој евентуален прекин на електрична енергија на нисконапонска мрежа да го адресира кај РЕК Битола, како дежурен виновник.

Не е првпат Македонија да ги дополнува потребите поради зголемена потрошувачка особено во зимските месеци, но СДСМ тоа сега се обидува да го скандализира, како што впрочем се обидува да скандализира и се друго.

ЕЛЕМ во изминатите неколку дена успеа да набави електрична енергија по цени пониски од оние според кои во моментов се продава електричната енергија на берзите во Европа. СДСМ после изборите, очајно се обидува да бара проблеми таму кај што ги нема за да го сокрие 10-от јубилеен пораз од народот, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести

Македонија со најниска просечна плата во регионот... Највисоката просечна плата во регионот, според најновите податоци, во изминатата година беше во Словенија, 1.020,40 евра, а најниска во Македонија, са...
УЈП: Годишна даночна пријава најдоцна до 15 март... Граѓаните кои во текот на минатата година оствариле дополнителни приходи најдоцна до 15 март имаат обврска да поднесат Годишна даночна пријава (образе...
Половина од светското богатство е во рацете на осу... Имотот на најсиромашните 3,6 милијарди лица или половина од светската популација е еднаков на вкупната нето-вредност на имотот на осум лица и тоа ниво...
Германија во градежен бум Бројот на дозволи издадени за градба на објекти за живеење се зголемил за 20 отсто во 2016 година, изјави денеска германската министерка за домување Б...
Во ХЕС „Црн Дрим“ лани произведени 588 милиони кил... Хидроелектраните „Шпилје“ и „Глобочица“, кои го сочинуваат Хидроенергетскиот слив (ХЕС) „Црн Дрим“, минатата година произвеле 588 милиони киловат час...
СДСМ: Криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ инста... „Криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ инсталирано во ЕЛЕМ е фатено во злоупотреби врз граѓаните на Република Македонија. Во прилог на ова соопште...