„Попи“ лампи инспирирани од цветот на афионот

„Попи“ лампи инспирирани од цветот на афионот

Дали се сеќавате на поранешните лампи на гасиѓе, кои биле во употреба пред денешните светилки?

Нивната светлина била пригушена и често недоволно силна, но тие со себе носеле некој вид на шарм и убавина, топлина и блискост. Иако одамна веќе не се во употреба, овие лампи во никој случај не се заборавени, па многу лесно можете да ги најдете во куќите на своите баби и дедовци, како висат на ѕид и потсетуваат на тие стари, едноставни времиња.

Сепак, бидејќи се добива своја модерна верзија, мебелот, облеката, аксесоарите и декоратвните детали, и газиените лампи добија свој развиен модел за 21 век.

Норвешкиот бренд „Фрост Продукт“ најде своја инспирација во полињата на афионот, при дизајнирање на серијата лампи „Попи“ за вашиот екстериер, кои пред се се наменети за креирање на амбиент за гледање на поларната светлина.

Нивните едноставни силуети се интересна референца на стеблата и круните на цветовите на афион, што дефинитивно ги прави совршена алтернатива за екстериерните свеќи и фенери.

Серијата лампи „Попи“ е претставена во две верзии. Едната има круна во форма на купе, додека другата повеќе наликува на глобус со заоблена крагна. Двете верзии на лампи имаат свои резервоари за петролеј, кои се вадат и кои се недостапни за децата, така што се совршено безбедни.

Лампите „Попи“ се достапни во верзии за работна маса, за на под или лампи кои можете да ги користите во својот двор.

Поврзани вести

ФОТО: Куќа во зеленило во Виетнам... Виетанмското архитектонско студио „23о5“ ја проектираше куќата „Лонгкејв“, која се карактеризира со голем отворен простор и многу природна светлина. ...
ФОТО: Тесна куќа во Ротердам... Тесната куќа во Ротердам е дизајнирана и во сопственост на холандските архитекти Гвендолин Хуисман и Маријн Ботерман. Куќата има скриени прозор...
Луј Витон креираше линијар Модната компанија Луј Витон креираше линијар што е дел од гифт-колекцијата. Овој прекрасен линијар, што сигурно ќе биде дел од училишната чанта...
ФОТО: „Коач 1941“ – нова колекција на чанти... „Коач“- американскиот бренд што е познат по луксузните предмети од кожа прикажа феноменална колекција од чанти „Коач 1941“. Сите чанти се дост...
Тапети што евоцираат спомени од училиштата во осум... Замижете на кратко и замислете како повторно седите во училишните клупи и гледате во празно парче графичка хартија на вашиот дел од работната маса. ...
ФОТО: Дом од вулкански камен во Австралија... Инспирирани од наслагите на вулкански камења, група австралиски архитекти ја проектираа куќата „Ќентербери Роад Резиденс“, која се состои од три целин...