Целосно обновена и конзервирана црквата „Св. Пророк Илија“ во Дојран

Целосно обновена и конзервирана црквата „Св. Пророк Илија“ во Дојран

Целосно е реализиран проектот за обнова и конзервација на црквата „Св. Пророк Илија“ од 19 век, која е своевиден симбол на градот Дојран, информираат од Министерството за култура.

– Проектот за заштита на овој значаен споменик на културата се реализираше во шест фази, и тоа најпрвин беше направена конзервација на оригинално зачуваните делови од подната покривка на црквата и реставрација на партиите што недостигаат, по што беше целосно оформен подот на црквата. На овие конзерваторско- реставраторски активности претходеше археолошко истражување на просторот под подното ниво, со што беа откриени постари сакрални градежни структури, појаснуваат од Министерството.

Во третата фаза се извршила конзервација и реставрација на источната фасада од црквата, а паралелно се одвивале реставраторско-санациски работи на внатрешните ѕидови на објектот, оформување на отворите за прозорци и врати, како и финални работи на подот и на скалишниот простор од нартексот. Во 2015 година било извршено малтерисување на внатрешноста на црквата, а кон крајот на минатата година биле реализирани и завршните фази од овој проект.

За целосната обнова на црквата „Св. Илија“ преку Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Струмица, во неколку буџетски години, Министерството издвоило средства во висина од околу четири милиони денари.

Црквата е изградена во 1848 година година со доброволни прилози од дојранските верници. Главен архитект бил Ѓорѓе Новаков од велешкото село Папрадиште, а била разурната и ставена надвор од употреба во текот на Првата светска војна. Со својата должина од 30 метри, широчина од 20 метри и висина од 10 метри, црквата претставува значаен и вреден архитектонски пример, кој има извонредна акустичност во својата внатрешност.

Поврзани вести

Погледнете го македонскиот хип хоп документарец „С... Деновиве на музичкиот сервис youtube.com официјално беше закачен македонскиот документарен хип хоп филм „Сложувалка”, во реализација на неформалната о...
Стрип албум „Витези од соседството“ од Јордан Коце... Стрип албумот „Витези од соседството“ од Јордан Коцевски и Дарко Богданов во издание на „Стрип Квадрат“ ќе биде промовиран денеска во Скопје. Во ст...
Почнува зимскиот поетски фестивал на Струшки вечер... Зимски поетски фестивал на Струшките вечери на поезијата од денеска до 1 март ќе се одржи во Скопје со акцент на поетите Ласе Содерберг од Шведска, Ха...
Самостојна изложба на македонскиот уметник Сали Ер... Изложба на цртежи на македонскиот уметник Сали Ертунч насловена „Политички коректни“ од денеска до 11 март ќе биде поставена во Галерија 7 во Скопје. ...
Претставата „Девојчето и дванаесетте месеци“ преми... Претставата „Девојчето и дванаесетте месеци" во изведба на патувачкиот театар „Поклони се и падни" вечерва ќе биде премиерно изведена во Домот на култ...
Ретроспектива на филмови од ерменскиот режисер Хач... Со проекција на документарецот „Ќор-сокак“, во Кинотеката на Македонија од денеска до 2 март ќе се одржува ретроспектива на филмови од Харутјан Хачатр...