Зголемени расходи и број на смртни случаи од пушење до 2030 година

Зголемени расходи и број на смртни случаи од пушење до 2030 година

Трошоците на глобалната економија, поврзани со пушењето, ќе надминат еден билион долари годишно, а од цигарите животот ќе го загубат 30 отсто повеќе луѓе до 2030 година во споредба со досега, покажуваат резултатите од денеска објавеното истражување на Светската здравствена организација и американскиот Национален институт за борба против ракот.

Трошоците далеку ги надминуваат глобалните приходи од даноците за цигари, кои се проценети од СЗО на околу 269 милијарди долари во периодот 2013-2014 година.

– Бројот на смртни случаи, предизвикани од пушењето, се очекува да се зголеми од околу шест милиони годишно на околу осум милиони до 2030 година. Над 80 проценти од нив веројатно ќе бидат од земјите со ниски и средни доходи, се наведува во истражувањето.

Околу 80 отсто од пушачите живеат во земјите, каде вкупниот број на пушачи во светот се зголемува. Според здравствени експерти, пушењето е причина за најголем број смртни случаи во светот, кои би можеле да се спречат.

Истражувањето, во кое учествувале околу 70 научници, покажува дека „пушењето предизвикува околу еден билион долари трошоци годишно за здравје и загуби од намалено производство“.

Меѓу евтините и ефикасни начини за намалување на пушењето се зголемување на цените и акцизите на цигарите, целосна политика на ограничување на пушењето, целосна забрана на рекламите за тутунските производи и предупредувања за опасност на кутиите.

Поврзани вести

Како алкохолот ги брише спомените?... Научници од Медицинската школа при Универзитетот на Вашингтон во Сент Луис успеаја да го објаснат начинот на којшто алкохолот делува и што се случува ...
Социјалните мрежи придонесуваат за пораст на забол... Социјалните мрежи, како што се Инстаграм и Фејсбук, придонесуваат за дополнително зголемување на бројот на лица заболени од рак на кожата, тврди брита...
Модерниот начин на живот ни наметнува да бидеме су... Модерниот начин на живот на сите им наметна обврска да бидат суперхерои, предупредуваат психолозите. Затоа речиси 15 отсто од родителите се на раб...
Мајчино млеко како лек против ракот... Мајчиното млеко почна да се користи како лек против ракот, откако научници во Шведска случајно откриле дека содржи состојка која ги убива клетките на ...
Четири начини како негативно влијаете врз своите д... Родителството не е лесно, можеби дури и најтешка „работа“ во светот. Родителите се трудат своите деца да ги воспитуваат најдобро што можат, но понеког...
Селенот е важен за човековиот организам... Селенот е важен минерал за нашиот организам, а дневната потреба од него е само 55 микрограми. Тој е познат антиоксидант, и во комбинација со витам...