Валенсија трипати водеше и на крај ремизира со Осасуна

Валенсија трипати водеше и на крај ремизира со Осасуна

И покрај тројното водство, како и пенал досуден на пет минути пред крајот на натпреварот, фудбалерите на Валенсија освоија само бод на синоќешното гостување во Памплона кај Осасуна. Конечниот резултат е 3:3 и е петто реми за домашната екипа која е последно пласирана на табелата. Валенсија остана на досегашните три победи и на 17.место, веднаш над „зоната на испаѓање“.

Стрелци на головите за Валенсија беа Мунир (2.минута), Ориол Риера (автогол 45+1) и Мартин Монтоја (73), додека за Осасуна погодија Ориол Риера (7), Роберто Торес (62) и Карлос Клерк (90+2).

Резултати на натпреварите од 17.коло во Шпанското фудбалско првенство:

Еспањол – ДепортивоЛа Коруња1:1,
Реал Мадрид – Гранада 5:0,
Еибар – Атлетико Мадрид 0:2,
Лас Палмас – Спортинг Хихон 1:0,
Сосиедад – Севиља 0:4,
Атлетик Билбао – Алавес 0:0,
Бетис – Легањес 2:0,
Селта – Малага 3:1,
Виљареал – Барселона 1:1 и
Осасуна – Валенсија 3:3.

Табела: Реал Мадрид 40 бода (натпревар помалку), Севиља 36, Барселона 35, Атлетико Мадрид 31, Виљареал 30, Сосиедад 29,…

Поврзани вести

Стартува вториот дел од Бундес лигата... По речиси еден месец пауза, вечерва со средбата меѓу Фрајбург - Баерн Минхен, ќе продолжи фудбалското првенство на Германија. Во Бундес лигата на...
Сенегал прв четврфиналист на Африканскиот Куп на н... Репрезентацијата на Сенегал е првата која обезбеди пласман во четвртфинето на фудбалскиот Купот на нациите на Африка. Сенегалците ја остварија и в...
Победи на Барселона и Атлетико во четвртфиналето о... Екипите на Барселона и Атлетико Мадрид остварија победи проти Сосиедад и Еибар во првите натпревари од четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Шпанија. ...
Рома последен четвртфиналист во Купот на Италија... Екипата на Рома е последната екипа што обезбеди пласман во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Италија. Во последнот натпревар од осминафиналето н...
Габриел Жесус ќе дебитира зс Сити против Тотенхем... Бразилецот Габриел Жесус од денеска и официјално е дел од Манчестер Сити, шест месеци по трансферот од Палмеирас. Овој 19-годишен фудбалер летото п...
Паје одби 30 милиони долари од Кина... Фудбалерот на Вест Хем, Димитри Паје кој е надвор од тимот, одби богата понуда од Кина и со тоа да стане втор најплатен фудбалер на светот зад Карлос ...