Червар задоволен од сработеното

Червар задоволен од сработеното

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Лино Червар на денешната прес-конференција пред заминувањето на Мундијалот во Франција, изјави дека е задоволен од сработеното и дека неговите избраници го дале максимумот во подготвителниот период.

– Поминавме тешки подготовки. Секој играч го даде максимумот и немам никакви замерки. Така треба да биде и на Светското првенство. Да прикажеме максимална борбеност и пожртвуваност. Одбраната е поагресивна, испробувавме одредени формации и во зависност од потребите ќе ја формираме нашата дефанзива. Противниците не сметаат за аутсајдери, а тоа може да биде и добро за нас. Ние не се предаваме против никого и ќе се бориме до последната сила, истакна Червар.

Македонскиот селектор информира дека пред првиот дуел со Тунис ќе одреди кој од 19 ракометари ќе биде во составот.

Капитенот Кирил Лазаров потенцираше дека играчите со нетрпение го очекуваат стартот на шампионатот и дека се подготвени како никогаш до сега.

– По напорните подготовки со голем ентузијазам го чекаме почетокот на СП. Најзначајно е што сите сме здрави. На физички, психолошки и тактички план сме добро подготвени, како никогаш порано. Ќе видиме на натпреварите дали тоа ќе биде доволно или не. Верувам дека може да се надигруваме и со посилните противници, нагласи Лазаров.

Македонската експедиција вечерва со автобус заминува за Софија, од каде со авион преку Виена ќе пристигне во Луксембург, а од таму со автобус кон крајната дестинација Мец, Франција.

Поврзани вести

Бајрамоска се враќа во репрезентацијата... Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски, денеска ги објави имињата на повиканите 23 ракометарки од поширокиот спи...
Ракометарката на Вардар СЦЈС, Митова со критики до... Македонската ракометна репрезентативка Сара Митова, која што настапува во тимот на Вардар СЦЈС преку Фејсбук упати критики до управата на Вардар и до ...
Нова победа за ракометарите на Вардар... Ракометарите на Вардар вечерва остварија нова победа во плеј офот откако во првиот натпревар од 8. коло како гости го совладаа битолски Пелистер со 36...
ЖРК Вардар ја одбрани шампионската титула... Ракометарките на ЖРК Вардар ја одбранија шампионската титула и по петти пат по ред го освојуваат првото место во националното првенство. Попладнево...
Сестринско финале во женскиот ракометен плеј-оф... Двата женски ракометни колективи на Вардар денес ќе го одиграат финалето од завршниот турнир за шампионската титула. Двете екипи во вчерашните полуфи...
Вардар победник во ракометниот Куп на Македонија... Ракометарите на Вардар очекувано се старо-нови освојувачи на трофејот во Купот на Македонија. Во финалето на завршниот турнир во Битола, ракомета...