Дејвис: Целосно сме посветени на исполнување на зацртаните цели

Дејвис: Целосно сме посветени на исполнување на зацртаните цели

Женскиот македонски ракометен шампион Вардар денеска го имаше првиот заеднички собир по зимската пауза, а веќе во петок се заминува за Подгорица каде треба да настапат на првиот турнир од Регионалната ВРХЛ лига. Тренерот Давид Дејвис очекува сите ракометарки д аодговорат на поставените задачи.

На првата прозивка единствено ја немаше голманката Мајса Песоа која е „заглавена” на аеродромот во Истанбул, порадо лошото време. Сите други тренираат со екипата. Ина Суслина е се уште под специјален третман по операцијата што ја имаше лани. Во консултација со лекарскиот тим ќе се реши кога ќе почне созаеднички тренинзи со тимот. Засега со тимот тренира и Драгана Петковска за да го пополни местото меѓу стативите.

Уште на почетокот на турнирот во Подгорица вардарки се среќаваат со Будуќност, тим против кого треба да играат и во првото коло од главната фаза на Лигата на шампионите на крајот од месецов.

-Ние на секој меч влегуваме со еднаква мотивираност. Нема разлика дали е пријателски меч, натпревар од ВРХЛ лигата или пак лига на шампионите. Се подготвуваме сериозно и целосно посветени на исполнување на зацртаните цели за оваа сезона. Верувам дека и девојките се подготвени за она што ги очекува во следните месеци. Овие неколку дена ќе повториме од она што го игравме во есенскиот дел од сезоната. Има доволно време да бидеме подготвени за ЛШ, и сериозно го сфаќаме секој предизвик што е пред нас, вели Дејвис.

Иако имаше двонеделна пауза во тренирање, сите ракометарки имаа програма по која требаше да работат за да ја одржат формата. И сите се придржуваа кон тоа, па и без проблеми го издржаа и првиот напорен тренинг, додаде тренерот на Вардар.

Експедицијата на ЖРК Вардар в петок на пладне заминува за Подгорица.

Поврзани вести

Одредени термините за „Фајнал-форот“ во ракометнат... Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ги објави термините за завршниот „Фајнал-фор“ турнир во Лигата на шампионите во машка конкуренција. Н...
Последна рунда во ракометната Супер лига... Со натпреварот кој ќе се игра вечерва во терминот од 20 часот, а во кој екипата Еурофарм Работник е апсолутен фаворит во дуелот против Работнички, ќе ...
Рајн Некар Ловен подобар од Кил во германската пре... Ракометарите на Рајн Некар Ловен остварија победа на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите откако вечерва како гости го совладаа Кил ...
Кил против Рајн-Некар во првиот осминафинален меч ... Со германското дерби меѓу Кил и Рајн-Некар Ловен вечер од 18 часот и 30 минути во Келн ќе започне осминафиналната рунда во машката ракометна Лига на ш...
Вардар почна со замената на сезонските картички со... Од редовите на македонскиот ракометен шампион Вардар информираат дена до недела (27 март) ќе трае приоритетната замена на сезонските билети, со билети...
Очекувана победа на Еурофарм Работник против Варда... Ракометарите на Еурофарм Работник остварија очекувана победа против Вардар Јуниор во последниот натпревар од 17.коло во Првата машка лига на Македониј...