„Ново киноутро“ во Кинотеката на Македонија

„Ново киноутро“ во Кинотеката на Македонија

Кинотеката на Македонија и оваа година за време на зимскиот распуст организира дневна филмска програма „Ново киноутро“, во која од денеска до 20 јануари ќе бидат прикажани пет филма.

Филмската програма почнува денеска напладне со проекција на анимираниот јапонски филм „Змејска топка 2“ во режија на Тадајоши Јанамуро кој ќе биде репризиран утре.

Со почеток во 12 часот, на 11-ти и 12 јануари е најавен американскиот игран филм „Макс Стил“ на режисерот Стјуарт Хендлер, на 13-ти и 14 јануари анимираниот кинески филм „Змејско гнездо: зората на воинот“ на Јуефенг Сонг, на 16-ти и 17 јануари анимираниот филм од Канада „Малите виленици пикси“ на режисерот Шон Патрик и на 18-ти и 20 јануари – играниот американски филм од 1991 „Кука“ во режија на Стивен Спилберг.

Поврзани вести

Во Дебар се одржа детскиот фестивал „Радика фест“’... Во Центарот за култура во Дебар се одржа осмото издание на Детскиот фестивал „Радика фест“ на кој беа изведени 13 композиции. Првото место од струч...
Во Пехчево одбележан Светскиот ден на книгата и ав... Со подароци од книга и цвет на читателите, пехчевската библиотека „Кочо Рацин“ го одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право - 23 Април. ...
Избрани најдобрите цртежи од ликовниот конкурс „Ја... Во трговскиот центар „Капитол мол“ денеска се одржа ликовен хепенинг на кој деца од градинките и ученици од основните училишта од општина Аеродром црт...
Отворен Француско-германски саем на детска литерат... Француско-германски саем на детска литература насловен „Го читаме другиот“, беше отворен денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Клим...
Промовиран превод на германскиот роман „Македонка ... Министерстото за одбрана и Воениот музеј на Република Македонија денеска го промовираа романот „Македонка – книга за балканскиот фронт“ од германскиот...
Успешна изведба на театарската корео-драма „Деници... Во кабарето „Ос а Моел“ во Брисел беше изведена европската премиера на театарската корео-драма „Дениција“, драмската презентација на историската поема...