Објавени детали за новиот „Сивик Тајп Р“

Објавени детали за новиот „Сивик Тајп Р“

„Хонда“ е во финална фаза на развојот на новиот „Сивик Тајп Р“, па во јавноста стигнаа неколку детали за автомобилот кој има за цел да се врати во врвот во класата на која припаѓа.

Според последните информации од „Хонда“, новиот „Сивик Тајп Р“ ќе има многу пониско тежиште во споредба со стандардните верзии и ќе се нуди исклучиво со погон преку предната осовина, со што се демантираат претходните информации дека моделот ќе има интегрален погон според примерот на „Форд Фокус РС“.

Меѓу поинтересните информации секако спаѓа и таа дека „Сивик Тајп Р“ опциски ќе се нуди и со посебно прилагоден ЦВТ менувач, покрај стандардниот шетсстепен рачен менувач. Автоматскиот менувач со две квачила не е во опција.

Потврдени се и претходните информации дека и новиот „Сивик Тајп Р“ ќе го покренува дволитарски четирицилиндричен турбо-бензински мотор кој го покренува актуелниот „Тајп Р“, но во своето најново еволутивно издание моторот ќе располага со над 320 коњски сили.

„Хонда“ потенцира дека моделите од сериско производатво, кои наскоро ќе стигнат во продажните салони во светот, ќе бидат многу слична на концептниот модел што беше претставен на последниот саем за автомобили во Париз, но се уште не сака да објави фотографии на кои може да се види како изгледа внатрешноста на автомобилот.

Поврзани вести

Доаѓа најмоќниот продукциски „Сеат“ на сите времињ... Наскоро на пазарот ќе се појави редизајнираниот „Леон Купра“ со дури 300 коњски сили, а во пресрет на лансирањето компанијата „Сеат“ објави нови фотог...
Протекоа првите фотографии од „Форд Мустанг“ за 20... По рестилизираната купе варијанта, „Форд“ на јавноста и го прикажа и редизајнираниот „Мустанг“ со отворен покрив. Американскиот производител ги обј...
Електричното возило на компанијата Фарадеј Фјучр ќ... Фарадеј Фјучр (Faraday Future) неодамна го претстави својот прв електричен автомобил кој има реална шанса да влезе во масовно производство – FF91. Ист...
Судот и нареди на „Шкода“ да обештети купувачи зар... Германски суд донесе одлука чешкиот производител на автомобили „Шкода“ да мора да му исплати 26.500 евра отштета на сопственикот на моделот „Шкода Је...
Шведската итна помош ви ја гаси музиката во возило... Амбулантните возила во Стокхолм ќе бидат опремени со посебни уреди кои ги блокираат радио апаратите околу себе, со цел возачите да ја слушнат сирената...
Претседателскиот автомобил на Трамп е отпорен на к... На денот на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, свечено ќе биде претставено и неговото ново возило Кадилак Уан (Cadilac One). Сп...