Почина Дарко Гашпаровиќ, истражувач на македонската култура и уметност

Почина Дарко Гашпаровиќ, истражувач на македонската култура и уметност

Вчера почина проф. д-р Дарко Гашпаровиќ еден од најголемите и најпознатите хрватски проучувачи и истражувачи на македонската култура и уметност. Гашпаровиќ беше професор на Универзитетот во Риека, а минатата година ја доби светската награда за хуманизам на Охридската академија на хуманизмот.

Со оваа награда тој се вброи во редот на врвните светски претставници на хуманистичката мисла кои ја добија оваа висока и престижна награда меѓу кои се и Солжењицин, Рави Шанкар, нобеловката Херта Милер и други.

По повод добивањето на ова високо признание, Издавачката куќа „Феникс“ ја објави книгата „Писмото низ вековите” од Дарко Гашпаровиќ во која тој прави пресек и се осврнува на Кирило-Методиевската традиција преку светите Климент и Наум.

Гашпаровиќ во овој научен труд се осврнува и задржува и на други пројави од македонската култура, а како автор е познат по своите стручни погледи и студии за водечките претставници на македонскиот театар – Коле Чашуле, Живко Чинго, Јордан Плевнеш, Слободан Унковски, Владо Цветановски, Дејан Пројковски и други.

Непосредно пред смртта излезе од печат книгата со есеи „Златно руно“ од Дарко Гашпаровиќ, кој беше член на Хрватското друштво на писателите и еден од водечките хрватски мислители и интелектуалци. Тој посебно се занимаваше со хрватско-македонските културни односи и врски.

Поврзани вести

Во Дебар се одржа детскиот фестивал „Радика фест“’... Во Центарот за култура во Дебар се одржа осмото издание на Детскиот фестивал „Радика фест“ на кој беа изведени 13 композиции. Првото место од струч...
Во Пехчево одбележан Светскиот ден на книгата и ав... Со подароци од книга и цвет на читателите, пехчевската библиотека „Кочо Рацин“ го одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право - 23 Април. ...
Избрани најдобрите цртежи од ликовниот конкурс „Ја... Во трговскиот центар „Капитол мол“ денеска се одржа ликовен хепенинг на кој деца од градинките и ученици од основните училишта од општина Аеродром црт...
Отворен Француско-германски саем на детска литерат... Француско-германски саем на детска литература насловен „Го читаме другиот“, беше отворен денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Клим...
Промовиран превод на германскиот роман „Македонка ... Министерстото за одбрана и Воениот музеј на Република Македонија денеска го промовираа романот „Македонка – книга за балканскиот фронт“ од германскиот...
Успешна изведба на театарската корео-драма „Деници... Во кабарето „Ос а Моел“ во Брисел беше изведена европската премиера на театарската корео-драма „Дениција“, драмската презентација на историската поема...