Уапсени 16 лица во истрагата за ограбувањето на Ким Кардашијан

Уапсени 16 лица во истрагата за ограбувањето на Ким Кардашијан

Француската полиција утрово уапси 16 лица во Париз и во други градови на Франција, во рамки на истрагата за грабежот на американската старлета Ким Кардашијан, што се случи во октомври во францускиот главен град.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, акцијата била спроведена истовремено во Париз и во јужниот дел на Франција, како резултат на неколку неделна истрага по анализата на ДНК трагите оставени на местото на грабежот.

– Една од трагите не одведе кон лице познато на полицијата за дела на грабеж и други кривични дела и се смета за голем бандит, изјави анонимен полициски извор.

Во ноќта меѓу 2 и 3 октомври минатата година 35-годишната Кардашијан, беше беше ограбена во луксузен хотел за време на нејзиниот престој во Париз, од страна на вооружени мажи, кои и украдоа накит проценет на девет милиони евра, откако претходно ја врзале. Ова е најголемата кражба на накит од едно лице во Франција во последните 20 години.

При нивното бегство, на крадиците им испаднал еден привезок со дијаманти во вредност од околу 30.000 евра, кои и припаѓал на Кардашијан. Скапоцениот камен, пронајден на улица во близина на местото на грабежот неколку часа по грабежот, им беше предаден на истражителите.

Поврзани вести

Карл Лагерфелд: Стрип не сака да носи „Шанел“ ако ... - Дизајнерот Карл Лагерфелд изјави дека е разочаран од актерката Мерил Стрип бидејќи не сака да носи фустани од брендот „Шанел“ доколку тоа не и е пла...
Објавена фотографија на девојката на Роналдо со др... Кристијано Роналдо во врска е со 22-годишната Шпанка, Георгина Родригез, која редовно го следи на секој натпревар. Додека работеше во бутик на Гучи...
Амал и Џорџ Клуни ќе ги избегнуваат сите опасни зе... Откако актерот Џорџ Клуни (55) и адвокатката за човекови права Амал Клуни (38) чекаат близнаци, двојката е многу внимателна. Актерот, кој е познат ...
Мараја Кери: Ги обвинувам танчерите и себеси за но... Поп дивата Мараја Кери и понатаму се обидува да се помири со својот пропаднат новогодишен настап кога на Тајмс сквер, поради проблемите со звукот беше...
Боуви посмртно ја доби „Брит Аворд“ наградата за с... Рок легендата Дејвид Боуви постхумно ја доби најзначајната британска музичка награда - за најдобар соло изведувач, но и онаа за албум на годината, за ...
Авионот на Харисон Форд за малку ќе удреше во друг... Авион кој го управуваше познатиот актер Харисон Форд неочекувано по грешка на пилотот прелета над патнички авион со 110 патници додека слетуваше на ае...