Цибона му го нанесе петтиот пораз во низа на МЗТ Скопје

Цибона му го нанесе петтиот пораз во низа на МЗТ Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва загубија на гостувањето кај Цибона со 87:79 во меч од 17. коло од АБА лигата по кој останаа на четири победи и без ниту еден триумф на гостински терен сезонава во регионалното натпреварување.

„Сино-белите“ и покрај фактот што играа со само осум играчи поради отсуството на повредените Стефан Синовец, Јуре Лалиќ, Стојан Ѓуроски и болниот Адем Мекиќ, му зададоа силен отпор на противникот, но на крајот снемаа сили за целосен пресврт.

Избраниците на тренерот Анте Назор не се предадоа ниту по водството на противник со 14 поени разлика (55:69) во финишот од третиот период. Со ангажирана игра и прецизен шут прво изедначија на 74:74, а со тројката на Шарлон Клоф дури и поведоа до 77:76 на две минути до крајот. Но, потоа падна концентрацијата, се направија неколку неизнудени грешки, нешто што „цибоси“ максимално го казнија и со серија 11:2 до крајот на средбата дојдоа до посакуваните бодови.

Ѓорѓе Дреновац ја одигра најдобрата партија сезонава и навистина е штета што неговиот учинок со 27 поени, пет скока и две асистенции не беше крунисан со триумф. Одличен беше и Клоф со 16 поени, три скока и дури осум асистенции, а двоцифрен поентерски ефект имаше уште и Џош Скот со 12 поени и седум скока.

Следната шанса за прекин на серијата од пет порази по ред МЗТ Скопје ќе ја има веќе в петок, кога во „Јане Сандански“ ќе гостува тимот на Задар.

Поврзани вести

Нов „трипл-дабл“ на Расел Вестбрук... Расел Вестбрук продолжува со своите фантастични игри во дресот на Оклахома Сити. Вестбрук одново беше предводеник на „Тандерси“ , овојпат во победа...
Луковиќ со забивање му донесе победа на Партизан п... Кошаркарите на Партизан забележаа минимална победа во дуелот против Задар со 87-76 по четрвртини 23:20, 24:24, 18:17 и 22:25, во последниот натпревар ...
Комплетирано 23. коло во кошаркарската Евролига... Со натпреварот одигран во Мадрид во кој Реал убедливо го совлада турскиот тим Дарушафака со 101-83 комплетирано е 23.коло во кошаркарската Евролига. ...
Пораз на Карпош Соколи од Цедевита... Екипата на Карпош Соколи вечерва е поразена на гостувањето во Загреб од Цедевита, во дуел од АБА Лигата, со 81:77 (14:20; 22:19; 25:20 и 20:18). Це...
Карпош Соколи гостува кај Цедевита... Освојувачот на кошаркарскиот Куп на Македонија екипата на Карпош Соколи се враќа на обврските во АБА лигата. Вечер гостува кај Цедевита, екипа која се...
Сигурни победи за Кливленд и Голден Стејт... Ланските финалисти во НБА лигата екипите на Кливленд и на Голден Стејт ноќеска остварија сигурни победи совладувајќи ги Њујорк односно ЛА Клиперс на д...