Јотовски се пласира во третото квалификациско коло на турнир во САД

Јотовски се пласира во третото квалификациско коло на турнир во САД

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски 2017 година ја почна со победа. Тој во 2.коло од квалификациите на фјучрсот во Плантејшн, САД, синоќа го совлада Американецот МекКлеин Кеслер со 2:0 во сетови.

Јотовски, кој е прв носител во квалификациите двата сета ги доби со 7:6 (9:7) и 7:5 во гемови.

Вечерва во третото квалификациско коло Македонецот ќе игра против Иван Калинин од Русија.

За пласман на главниот турнир ќе треба да се мине и 4.то коло од квалификациите поради големиот број пријавени тенисери.

Главниот турнирот што се игра за награден фонд од 15.000 американски долари се наоѓа во близина на аеродромот во Мајами (Форт Ландердејл) каде во петокот имаше вооружен инцидент и убиени пет лица.

Поврзани вести

ВИДЕО: Ѓоковиќ елиминиран на Австралија опен од 11... Бранителот на титулата и шесткратниот освојувач на трофевот на „Австралија Опен“, Новак Ѓоковиќ, го заврши својот настап на првиот Гренд слем турнир г...
Мареј го свитка зглобот, Британците во паника дали... Првиот тенисер на светот Британцеот Енди Мареј се пласира во третото коло на Австралија опен, откако го победи Русинот Андреј Рубљов. Сепак, по т...
Кербер и Федерер се пласираа во третото коло на АО... Бранителката на трофејот на Австралија Опен, германската тенисерка Анџелика Кербер се избори за пласман во третото коло по победата во три сета над со...
Ѓорческа не успеа да се пласира на Авсралија Опен... Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира на главниот турнир Австралија Опен откако во третото квалификациско коло загуби о...
Конта победи во Сиднеј Џоана Конта од Велика Британија е победничка на ВТА турнирот во Сиднеј. Таа во финалето беше подобра од втората носителка Агнешка Радванска од Полска ...
ВИДЕО: Ѓорческа на чекор од Австралија Опен... Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е на чекор од главниот турнир на Австралија Опен, откако во второто квалификациско коло славеше против У...