Франција по втор го освои Хопман купот

Франција по втор го освои Хопман купот

Тениската репрезентација на Франција го освои трофејот на 29. издание во Хопман купот откако во финалето ги победи Соединетите Американски Држави со 2-1.

На натпреварувањето кое по традиција се одржува во Перт, Австралија, Ришар Гаске донесе водство на Франција по победата над Џек Сок со 2-1 во сетови. Коко Вандевеге беше подобра од Кристина Млаедновиќ со 2-0 во сетови и изедначи на 1-1.

Решавачкиот поен за Франција во мечот на мешани двојки кој се игра до четири освоени гема во секој сет, го добија Гаске и Младеновиќ кои со 2-0, по сетови 4:1 и 4:3 беа подобри од двојката Сок-Вандевеге.

Ова е втора титула за Франција во Хопман купот, САД останаа на шест трофеи.

Поврзани вести

Јотовски стартуваше со победа во Добој... Од македонските тенисери кои се појавија на стартот од фјучрсот во Добој, победа во првото коло постигна само Томислав Јотовски. Тој денеска во два се...
Ѓорческа елиминирана во првото коло од квалификаци... Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине првото коло на Грен Слем турнирот во Париз на Ролан Гарос. Таа денеска загуби од холандската ...
Бушар го пропушта „Ролан Гарос“... Канадската тенисерка Ежени Бушар ќе го пропушти Гран слемот „Ролан Гарос“, откако на вчерашниот тренинг го повреди глуждот на десната нога. Според ...
Квитова се враќа на теренот Чешката тенисерка Петра Квитова ќе настапи на годинешниот Грен слем турнир во Лондон со што ќе ја заврши седуммесечната пауза поради повредата на рака...
Ѓорческа квалификациите на Ролан Гарос ги почнува ... Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во првото коло од квалификациите на Ролан Гарос ќе игра против Квирин Лемоине од Холандија. Нејзината противничка...
Стоилковска дел од фјучрс турнирот во Анталија... Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска успеа да се пласира на главниот турнир од фјучрсот во Анталија што се игра за награден фонд од 15.000 дол...