Македонија се пласираше на СП во Алжир

Македонија се пласираше на СП во Алжир

Младата ракометна репрезентација на Македонија (У21) попладнево ја победи соодветната селекција на Турција со огромни 20 голови разлика и се пласираше на СП(У21) во Алжир како прво пласирана во групата што се играше во Скопје завршувајќи пред Поругалија само поради подобрата гол разлика.

Нашите млади ракометари после вчерашниот кикс со Португалија денеска мораа да победат со најмалку 19 голови разлика за да завршат први на табелата. Овој расплет се наметна откако претходно Португалија ја совлада Полска со 34:21. Сепак Македонија дојде до целта совладувајќи ја Турција со 39:19, полувреме 22:13.

Шилегов беше прв стрелец со десет гола, пред Талески со девет, додека на голот Даниловски имаше 13 успешни интервенции.

Поврзани вести

Хрватска и Словенија се пласираа во полуфиналето о... Во последните натпревари од четвртфиналето на Светското првенство во ракомет кое што се одржува во Франција, репрезентациите на Хрватска и Словенија и...
Французите се пласираа во полуфиналето на ракометн... Актуелниот светски шампион и домаќин на Мундијалот, Франција е втората селекција која обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство. „Три...
Норвешка прв полуфиналист на Светското ракометно п... Репрезентацијата на Норвешка е првиот полуфиналист на Светското ракометно првенство. Во првиот четвртфинален натпревар одигран попладнево во Албервил,...
Наумче Мојсоски втор пат стана татко... Ракометарот Наумче Мојсоски во вторникот втор пат стана татко. Веста дека сопругата Марија го родила нивниот втор син, ракометарот ја објави на соција...
Четвртфинални пресметки на Светското првенство во ... На Светското првенство во ракомет што се игра во Франција денеска се играат четвртфиналните дуели. Првата пресметка се игра во Албервил со почеток ...
Лазаров најдобар стрелец по осминафиналната фаза н... Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров останува најефикасен играч и по осминафиналните пресметки на Мундијалот во Франција. ...