Современа бетонска куќа во форма на був

Современа бетонска куќа во форма на був

Архитектот Мун Хон во јужнокорејскиот град Бусан изгради несекојдневна бетонска куќа на четири ката, која со својот изглед потсетува на був. 

Импозантната бетонска структура има одбранбен и заштитнички изглед со внимателно одбрани места за вратите и прозорците, преку кои се пружа поглед кон околината, но во исто време се обезбедува и приватност на станарите на куќата.

Покривот и горниот кат на куќата потестуваат на глава на утка, а нејзините долни катови се стилизирани како крила на птицата. Прозорците на горниот кат во текот на вечерните часови, при упачени светла, потсетуваат на очи на бувот. 

Во призмејето на куќата се сместени заедничките помошни простории и гаражата, а на катот над нив се трпезаријата, кујната и просторот за перење и сушење алишта.

На следниот кат е сместана пространа дневна соба од која се излегува на тераса, како и голема бања, додека на последниот кат се наоѓаат спалните соби.

Поврзани вести

ФОТО: Планинска викендичка крај езерото Тахо... Калифорниското езерото Тахо и олимпиското село во негова близина се познати ширум светот по прекрасните пејсажи и одличните скијачки терени, кои привл...
Бизарна скулптура од 350 долари... Ова е скулптурата што претставува позлатен измет. Доколку поради некоја морбидна причина сакате да купите позлатен телесен измет, треба да знаете ...
Слушалки и куфер за Џејмс Бонд... Фантастичниот тим на компанијата „Мастер енд Динамик“ ги здружи силите со славниот производител на алуминиумски куфери „Зеро Халибуртон“ и креираше ул...
ФОТО: Интересна куќа со поглед на езеро... Опкружена со шума, вода и сеприсутно чувство на мир, викендичката во Квебек изградена е на гребен, со цел максимално да се искористи погледот. ...
Специјална едиција на пенкала по повод годината на... Јапонскиот производител на пенкала „Намики“ креираше посебна колекција „Намики Чинкин Ројал Ростер“ пенкала по повод претстојната кинеска година на Пе...
Кафемат во форма на авионски мотор... Тешко е да се замисли наутро да се појде на работа без да се испие кафе, напиток кој ги буди нашите сетила и не враќа во живот. Токму затоа компан...